Audi Q5 доби нова хибридна изведба

Новото возило на Ауди официјално се вика Q5 55 TFSI e Quattro и на германскиот пазар ќе почне да се продава со основна цена од 60 450 евра.

Ауди навлезе во електрификацијата и продолжува со презентацијата на хибридни модели. Станува збор за плаг-ин хибрид , што покрај класичниот погон , може да возии на струја , а се полни и на домашна електрична мрежа.

 Погонот е комбинација од 2.0 TFSI  бензинец со 252 Кс и 370 Нм , како и електромотор со 143 Кс и 350 Нм. Нивниот синергиски ефект е 376 Кс и 500 Нм , па до 100км/час стигнува за 5,3 секунди , а постигнува  максимална брзина од 239км/час. '

Батериите се полнат за 6 часа. Првите испораки се очекуваат кон крајот на годинава.

притисни ентер