Се појавија првите фотографии од новата Корса

Иако новата Корса беше најваѓниот проект на Опел , смената на сопственоста на компанијата , ја одложи премиерата.

Новата Корса ќе биде премиерно претставена на почетокот на идниот месец , а сега може да се видат фотографиите објавени на социјалните мрежи по грешка на еден медиум.

Новиот сопственик на Опел , француската групација на Пежо , ја диктира и платформата на Корсата , која ќе биде поставена на ПСА каква што има Пежо 208.

Сличноста со овој модел се гледа и во опремата на Корса , особено на кокпитот , каде таблата на инфотеинментот е истата како на автомобилите на Пежо.

Ќе се произведува во стандардна дизел и бензиска изведба , но ќе има и електрична верзија на Корса. Моделот ќе почне да се продава од 2020 година.

Фото: Ова дете е вистински бурек мајстор

Ова десетгодишно дете е вистински мајстор за бурек, тој умее да го врти тестот над својата глава без да направи ниту една дупка.

Новак Стевановиќ ја демонстрираше својата вештина за правење бурек пред посетителите на манифестацијата „Денови на бурекот“  во Ниш,тој во живо докажа дека е најмладиот бурекчија  во Србија.

Малиот Новак за петнаесетина минути успеал да направи четири пити бурек а во меѓувреме изведувал и „акробации“ со тестото.

Видео: Карлеуша за својот роденден доби„Версаче“ торта

Поп ѕвездата го прослави својот роденден на гламурозен начин.

Јелена била цело време расположена а за атмосферата на роденденот се погрижија и другите гости. На прославата на нејзиниот роденден беа присутни нејзините деца, сопругот Душко, тетката Даниела и други роднини и пријатели на пеачката.

Изненадувањето на вечерта беше нејзината роденденска торта, Јелена кога ја видела тортата буквално и застанал здивот.

Тортата била на 5 ката и целата била во знак на светскиот моден бренд „Версаче“.

Скопје може да очекува двојно повеќе жешки денови до 2065 година

На повидок ли се неиздржливо топли лета како последица од глобалното затоплување?

Група на климатски научници и аналитичари во својата анализа „Climate Impact Lab“ алармираат на екстремно високите температури кои му се закануваат на човештвото во следните децении и дека ефектите од климатските промени веќе станува реалност.

Скопје до 2065 година може да очекува просек од 35 жешки денови. Интерактивната мапа која ја објави „Њујорк Тајм“ покажува дека до крајот на столетието во главниот град годишно ќе бидат регистрирани и до 65 топли денови со температура над 32 Целзиусови степени, што е загрижувачки податок доколку се земат предвид просечните температури години наназад.

На графиконот може да се види дека во 1960 година Скопје во просек имал 7 топли денови. Во средината на деведесеттите оваа бројка се искачила на 11, а од 2010-та година наваму просекот ќе расте постојано и драстично. За 45 години од сега, проценките се просекот на топли денови ќе се качи за три пати повеќе од моменталниот кој изнесува 16 топли денови во една календарска година.

Забрзувањето на ефектите од климатските промени целиот свет ги чувствува веќе летово, особено поради фактот што податоците на Програмата за климатски промени на ЕУ го прогласи минатиот месец за најтопол досега. Во јули глобалната температура била за 0,56 степени повисока од претходно поставениот рекорд во јули 2016.

Најтоплото лето досега во земјава било регистрирано во 2007-та а биле измерени рекордни 45,7 степени.

Аналитичките проекции се засноваат под претпоставка дека државите ќе ја намалат емисијата на штетни гасови согласно Договорот за клима од Париз.

притисни ентер