Американците прават супесоничен авион – од Њујорк до Лондон за 90 минути (ВИДЕО)

Американска стартап компанија планира да произведе авион што ќе лета со брзина пет пати поголема од брзината на звукот и за 90 минути ќе го помине растојанието меѓу Њујорк и Лондон.

Воздухопловната компанија Hermeus Corporation со седиште во Атланта соопшти дека од приватни инвеститори добила доволно пари за производство на овој вид авион.

Доколку проектот биде успешен , би можел да значи револуција во воздушниот сообраќај. Сега патувањето од Њујорк до Лондон трае седум часа.

Меѓу основачите на оваа компанија се поранешни вработени во компанијата на Елон Маск , Space X , како и во вселенската компанија на Милијардерот Џеф Безос, Blue Origin. Од компанијата велат дека ќе бидат потребни десетина години за да се реализира овој проект.

притисни ентер