Брутално претепано момче во метрото во Њујорк , полицијата бара помош (ВИДЕО)

Њујоршката полиција објави шокантно видео од претепување на момче од непознати лица во подземната железница во Њујорк.

Напаѓачите го тепале момчето се додека тоа не изгубило свест. Тој само се обидел да си ја заштити главата со раце. На снимката од безбедносните камери не може да се слушне што зборува претепаното момче.

Полицијата дознала за оваа снимка дури откако се појавила на социјалните мрежи. Од таму ги молат сите кои знаат нешто за напаѓачите , да пријават.

,,Ова е гнасен чин.Сите кои ја проследија снимката , се вознемирени. “ изјави детективот Дермот Ши на прес конференција.  

притисни ентер