Прекршочна пријава од антикорупционерите доби в.д директорката на Клиниката за хематологија

Антикорупциската комисија отвори предмет со кој ќе се испитаат наводи за можни злоупотреби во Министерството за локална самоуправа. 

Прекршочна пријава од антикорупционерите доби в.д директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска. Иако имала обврска досега четири пати да поднесе анкетен лист за имотната состојба, бидејќи толку пати и се продолжувал мандатот вршител на должност, тоа не го сторила. Прекршочни оти не поднеле анкетни листови добија и десетици декани и ректори на универзитети и институти од Скопје, Тетово и Прилеп.

Антикорупционерите ќе испитуваат и како се трошат народните пари во државните и јавните институции. Во фокусот ќе бидат пратениците и користењето на патни трошоци.

Под закана од  кривична пријава е и поранешниот претседател на Скопскиот Кривичен суд Владимир Панчевски по наводите за вработувањето на неговиот внук Јордан Тасевски во судот.

Според  сознанијата на Антикорупциска, Тасевски прво го добил решението за вработување, а дури потоа ги поднел документите за конкурсот. Тој воопшто не се ни пријавил на огласот за вработување.

По сознанија од медиумите, Антикорупциска отвори предмет со кој ќе се испитаат наводи за можни злоупотреби во Министерството за локална самоуправа со кое раководи Сухејл Фазлиу. Постојат сомнежи за вработување на блиски лица во Министерството и за користење на службени возила за приватни потреби.

Трипуновски: Над 500 семејства во „Водостопанство" трет месец немаат земено плата

Овој документ кој што е директно признание на власта дека над 500 семејства во АД Водостопанство веќе трет месец немаат земено плата.

Додека има пари за скапи вина и луксузни коктели и јадења за Николовски, Димковски и нивните сопартијци од СДСМ, директорот Селими ги принудува вработените да потпишуваат Спогодба дека се согласуваат платата за мај месец да им биде исплатена во јули. Да добро слушнавте! 500 вработени во АД Водостопанство ќе ја земат мајската плата во јули! Да не беше трагично ќе беше смешно.

Вработените немаат плата и платени придонеси веќе 3 месеци, исто така претпријатието нема основни средства за работа, резервни делови, нафта кои се неопходни за непречено функционирање на истото, и ова е премногу сериозен проблем. Но, повеќе од очигледно е дека власта и понатаму е глува на оваа алармантна ситуација.

Меѓу овие 500 вработени има луѓе кои имаат потреба од секојдневна медицинска помош и им е потребно здравствено осигурување, има луѓе кои имаат кредити, а веќе доцнат со исплата на рати, и луѓе кои имаат мали дечиња кои што чекат храна од своите родители.

Порачуваме, до менаџерскиот тим на АД Водостопанство и до министерот Димковски да престанат да прават притисоци и закани врз вработените кои си ги бараат заостанатите плати а кои што им се чесно и поштено заработени.

Ова е срамота.

Ова ли е животот што ветувавте на изборите во 2016 година , а денес си играте со човечките судбини на 500 семејства.

Господине Заев на овие 500 вработени во АД Водостопанство не можат да скенираат фискални сметки затоа што немаат пари со кои што можат да купат нешто. Овие луѓе ги оставивте без леб, а сега ги принудувате да потпишаат спогодба, со која се штитите од тужби, за крваво заработените пари на работниците.

Непроценлива штета трпат и илјадници земјоделци ширум Република Македонија кои чекаат на услугите на блокираното претпријатие. Целосен дебакл. Кој од кој е пооштетен.

Одговорност за ова мора да има. Недомаќинското работење и расипништвото ќе го платите на наредните избори.

Цветан Трипуновски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев се плашат да распишат предвремени парламентарни избори

Зоран Заев е главата на октопод во рекетарската приказна.

СДСМ да одговори дали вчера на ЦО присуствувале  Кики и Фрики?

Зошто Заев ги амнестира од одговорност? Дали се плаши дека доколку каже кој се Кики и Фрики може да биде откриено неговото директно учество во рекетарската приказна а граѓаните да дознаат колкав процент земал?

СДСМ да ги извади розевите наочари и да види дека во Македонија освен рекетот, криминалот, корупцијата, заканите, уцените и поткупот, друго ништо не функционира.

Граѓаните со оваа криминална влада живеат се полошо.

СДСМ и Заев се свесни дека им паѓа рејтингот и се плашат да распишат предвремени парламентарни избори.

СДСМ и Заев се плашат да се соочат со волјата на граѓаните.

За Македонија да оди напред Заев и СДСМ мора да си заминат.

Граѓаните и Македонија заслужуваат промени.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Во сабота нестабилно време, в недела сончево и топло до 36 степени

 Топло, но нестабилно време со пороен дожд, најавува УХМР за денеска попладне и утре. 

Во недела и понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Температурата денеска ќе достигне максимални 33 степени. Во деновите од викендот ќе достигне 36, а во понеделник 38 степени.

Од вторник ќе биде ветровито со услови за локален пороен дожд. Дневните температури ќе бидат во интервал од 27 до 36 степени.

притисни ентер