Арсовски: Царовска да не молчи за скандалот со тендерите на нејзиниот маж

Мила Царовска молчи за скандалот со нејзиниот невенчан сопруг.

Невенчаниот сопруг на Мила Царовска само три дена од вториот круг на претседателските избори, односно на 8 мај од Град Скопје и Петре Шилегов добил тендер вреден 967.600 денари за изнајмување на опрема за висинско набљудување.

Невенчаниот сопруг на Мила Царовска освен тендерите за летање дронови доби и набавки во 4 очи во вкупен износ од 1,5 милиони денари.

Георгиевски Горан кој е сопственик на фирмата ФЛАЈ КЕМ стана редовен добитник на тендерите и набавките од институциите додека неговата невенчана сопруга е министерка.

Дали Мила Царовска молчи за овој скандал каде што добивале тендери со нејзиниот маж затоа што можеби следи нов скандал за набавка за воспоставување на систем за следење на загадувањето на амбиенталниот воздух во скопската котлина?

Овој тендер е актуелен и тежи околу 5 милиони денари.

Дали можеби и овој тендер од над 80.000 евра ќе припадне токму во семејството на Мила Царовска и нејзиниот невенчан сопруг?

Останува да видиме како ќе се развиваат настаните и дали можеби и понатака ќе продолжи единствената фирма која лета дронови во државава да биде токму фирмата на невенчаниот сопруг на Мила Царовска, Горан Георгиевски односно ФЛАЈ КЕМ.

Се покажа дека СДСМ, Заев и неговите функционери немаат намера да се променат. Тие и понатака остануваат да бидат владетели на народните пари и да си ги делат прите на граѓаните помеѓу себе.

Веќе не помага ниту метла, ниту пак кадровски решенија како што би рекол Зоран Заев.

За сите овие матни зделки, тендери и бизниси еден ден ќе одговараат сите кои што се инволвирани, додека пак Мила Царовска да не молчи, да не се затскрива зад паушални проекти кои ги објавува деновите и да излезе да го даде својот коментар за овој скандал и да сносни одговорност.

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Борисов: Очекувам Бугарија и Северна Македонија да ги задржат добрите соседски односи

Очекувам Бугарија и Република Северна Македонија да ги задржат добрите соседски односи, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов во обраќањето на Пловдивскиот економски форум.

Борисов изрази надеж дека на претстојната средба на земјите од Берлинскиот процес, што ќе се одржи во Познањ, ќе биде донесено решение Република Северна Македонија и Бугарија да бидат заеднички домаќини на следниот собир во овој формат.

– Историски ние сме војувале со сите соседи, како резултат на тоа регионот на Балканот заостана. Сега ги сменивме работите. Се надевам дека ќе ги надминеме сите потешкотии, изјави Борисов.

Тој потсети дека за време на претседавањето со ЕУ минатата година, Бугарија во рамки на Унијата ја наметна „најсложената, опасна и тешка тема" за евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан. – Се надевам дека колегите еден ден ќе го ценат тоа, додаде Борисов.

– Имаме ретка шанса, на оваа територија наречена Балкан, која е толку натопена со крв како ретко кое друго место, сите ние да создадеме прекрасна бизнис клима, порача Борисов во обраќањето пред учесниците на Форумот.

Пловдивскиот економски форум се одржува втора година по ред и на него присуствуваат претставници на владите, бизнисот и невладиниот сектор од повеќе европски земји, кои разговараат за предизвиците поврзани со економскиот раст и конкурентноста на Бугарија и Југоисточна Европа.

Дел од темите за кои ќе се дискутира на овогодишниот Форум се поврзани и со перспективите на земјите од Западен Балкан, очекувањата од новиот Европски парламент и новата Еврокомисија, како и со демографските и здравствените проблеми. 

Данската полиција во голема акција против криминалци од земјите на Западен Балкан

Данската полиција денеска уапси 31 криминалец , членови на голема криминална група , која шверцувала и продавала оружје и дрога на територијата на ЕУ.

Меѓу другото, групата се товари за криумчарење и шверц на 1 650 килограми кокаин.  Данската полиција во акцијата под име ,,Голдфингер” , насочена против криминалци од земјите на Западен Балкан , изврши претрес во куќи на 40 локации , каде се најдени огромно количество оружје , дрога и пари во кеш.

Акцијата е спроведена во соработка со полициските служби во Германија , Холандија , Словенија , Шведска и Албанија , соопшти Европол.

Тројца експерти од Европол биле вклучени во акцијата , кои им дале и аналитичка поддршка , како и организација на состаноци во седиштето на Европката полиција во Данска.

Заврши истрагата – пожарот во Нотр Дам не бил подметнат

Нема никаков доказ дека пожарот во кој беше уништен дел од катедралата Нотр-Дам во Париз во април е подметнат , објави Државното обвинителство во Париз по завршувањето на пред-истражната постапка.

Обвинителството денеска објави дека испитува и други опции, вклучувајќи го дефектот на електричните инсталации и забраната за пуштање на цигари, се наведува во соопштението во кое се вели дека истрагата ќе им биде  доверена на тројца истражни судии. Тие имаат поголеми овластувања во истрагата, а особено може да поднесат обвинение против можни сторители за небрежност. "Иако се забележани некои пропусти ...пред-истрагат не  откри намерна причина за пожарот ", рече државниот обвинител на Париз, Реми Хаиц.

"Неколку претпоставки го привлекоа вниманието на истражителите, како електричниот дефект и неизгаснатиот опушок од цигара, но сега засега не можеме да дадеме никаква детали", напиша тој. Истражувачите ги слушнале изјавите на  стотина сведоци, и тоа работници, чувари, директори на компанијата што вршела реставрација , како и свештеници од  епархијата.

Огнот што ја погоди катедралата на 15 април го потресе светот и предизвика кампања за солидарност и зачувување и обновување на тој симбол на францускиот главен град.

Нотр Дам е споменик на листата на културното наследство на УНЕСКО и во пожарот изгоре кулата, структурата на покривот, часовникот и дел од таванскиот лак. Првата миса по пожарот беше одржана на 15 јуни, а на неа  учествуваа избрани луѓе.

притисни ентер