За утре во 11 часот закажана седницата за пратеничкиот мандат на Никола Груевски

Павле Богоевски, како претседател на  Комисијата за деловнички и имунитетно-мандантни прашања за утре во 11 часот ја закажа седницата на која треба да се одлучува за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

Но, опозицијата го оспорува неговиот кредибилитет по скандалот со нелегална набавка на наркотици.

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ допрва ќе се координираат дали утре ќе побараат одземање на Богоевски од претседателската функција во комисијата, а се уште немаат прецизен став и како ќе гласаат по предлогот да му се одземе мандатот на поранешниот премиер и претседател на ВМРО ДПМНЕ.

За пратениците од парламентарното мнозинство најважно за утрешната седница е да се задржи фокусот на Груевски, без одговор дали Богоевски има кредибилитет да ја води комисијата.

По признанието дека нелегално набавувал, како што самиот тврди, масло од канабис, Богоевски досега одбива да се изјасни по повиците во јавноста за негова оставка од пратеничката функција.

Во меѓувреме, обвинителството и МВР по негова пријава работат на утврдување на идентитетот на таксистот што наводно го снимал пратеникот како и на сопственикот на профилите на социјалните мрежи каде беше објавен телефонскиот разговор.

Растурен и ограбен банкомат на Пале

Полицијата во Босна и Херцеговина трага по повеќе маскирани лица кои украле засега непозната сума на пари од банкомат на Пале близу Сараево.

Грабежот се случил утрово околу 3,15 часот, така што маскирани лица предизвикале експлозија на банкомат поставен во филијала на банка и од него ги замела сите пари.

Маскираните потоа со автомобил побегнале во непознат правец.

Синот на Бекам, Бруклин купил свршенички прстен од 200 000 долари

Синот на џет сет брачниот пар Дејвид и Викторија Бекам, 21- годишниот Бруклин се свршил со својата девојка Никол Пелтс. 

Според медиумите најстариот син на Дејвид и Викторија,Бруклин на свршеничкиот прстен потрошил дури 200 000 долари. Прстенот има 4,5 до 5 карати.

Ваквиот прстен според британскиот „Мирор“ е популарен меѓу славните личности, а веќе го имаат Џенифер Лопез, Амал Клуни и Џенифер Лоренс.

„Ја прашав својата сродна душа дачли ќе се ожени со мене,ми рече ДА. Јас сум најсреќниот човек на светот. Ветувам дека еден ден ќе бидам најдобриот маж и татко, напишал Бруклин на Инстаграм.

Возбудената Никол потоа кратко одговорила:

-Среќна сум што можам да те викам свој, напишала Никол.

Григор Димитров негативен на корона!

Бугарскиот тенисер Григор Димитров поради кој беше откажано финалето на Адриа турот во Задар го победи корона вирусот.

Димитров на последниот дена на турнирот во Задар, 21 јуни објави дека е позитивен на ковид -19, поради што веднаш беше откажано финалето Ѓоковиќ – Рубљов. Веднаш потоа позитивен тест на корона имаа Новак Ѓоковиќ, Борна Чориќ, Горан Иванишевиќ и двајца тренери.

Прв пат по турнирот во Задар кој предизвика лавина од коментари меѓу светските тенисер се огласи бугарскиот тенисер Григор Димитров.

-Токму сега добив извонредни вести од докторот од Монако, кој потврди дека сум негативен на Ковид-19. Ви благодарам на сите за поддршката во изминатите недели за време на мојот карантин.Се радувам што брзо ќе му се вратам на тренингот и што ќе бидам подготвен за американската турнеја на тврда подлога, напишал Димитров на Инстаграм.

притисни ентер