Средба на претседателот Пендаровски со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која

 Претседателот, Стево Пендаровски, денеска го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

На средбата, како што се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот, биле разменети мислења за севкупните состојби во Македонија, како и за улогата на ОБСЕ и поддршката што ја дава на државата. Претседателот Пендаровски истакна дека Македонија високо ја цени поддршката што организацијата ја дава за реформите во различни области, а во контекст на европската интеграција на земјата.

Претседателот Пендаровски, се наведува во соопштението, на средбата истакна дека Македонија е целосно посветена на реформската агенда и очекува натамошна успешна соработка со ОБСЕ во реализација на активностите во повеќе области од интерес на напредокот на државата, особено во областа на владеење на правото.

Претседателот Пендаровски посочи на улогата и придонесот на мисијата на ОБСЕ / ОДИХР во изборните процеси во изминатите години, вклучувајќи ги последните претседателски избори. Оцени дека со добро спроведените претседателски избори, државните институции покажаа зрелост и овозможија спроведување на изборниот процес согласно европските стандарди.

Амбасадорот Која упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и ја истакна натамошната подготвеност на ОБСЕ да соработува со институциите во Македонија.

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер