Прва градоначалничка Афроамериканка: Лајтфут застана на чело на Чикаго

Лори Лајтфут е избрана за градоначалник на Чикаго и таа е прва афроамериканка на позицијата градоначалник на третиот најголем град во САД.

– Со години се зборува дека Чикаго не е подготвен. Ќе бидеме подготвени, бидејќи реформите се тука, рече Лајтфут откако положи заклетва на преземањето на функцијата, објави Гласот на Америка.

Таа, исто така, додаде дека ниту еден официјален претставник не треба да профитира од својата функција, како и дека ќе спроведе полициски реформи.

Лајтфут, 56-годишна демократка, е поранешна американска јавна обвинителка. Таа исто така е првиот градоначалник на Чикаго која отворено кажа дека е хомосексуалка.

Џафери на дводневен парламентарен форум за лидерство во Вашингтон

На покана на Демократското партнерство на Претставничкиот дом на САД (ХДП) претседателот на Собранието Талат Џафери денеска и утре ќе престојува во работна посета во Вашингтон, САД. 

На покана на Демократското партнерство на Претставничкиот дом на САД (ХДП) претседателот на Собранието Талат Џафери денеска и утре ќе престојува во работна посета во Вашингтон, САД. Во парламентарната делегација за и потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска-Ременски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Како што соопшти собраниската прес-служба, дводневниот Парламентарен форум за лидерство е фокусиран на демократското обновување за борба против заедничките закани за демократијата. Исто така, во рамките на форумот, претседателот на Собранието Џафери и пратениците ќе остварат и билатерални средби со колегите од Конгресот и Владата на САД.

Програмата на ХДП е организирана од Националниот демократски институт (НДИ), со поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и во партнерство со Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На оваа програма од високо ниво, покрај Собранието на Македонија, поканети се да учествуваат и дваесет партнерски парламенти на ХДП. /МИА

Чавушоглу во Скопје на средби со Заев, Димитров и Османи

Шефот на дипломатијата на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, по покана од министерот за надворешни работи Никола Димитров, престојува во официјална посета на Македонија.

Севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји и можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес, се темите за кои ќе разговараат на денешната средба министрите Димитров и Чавушоглу, најавија од МНР.

За време на посетата, во просториите на Министерството за надворешни работи на Македонија, Димитров и Чавушоглу официјално ќе ја пуштат во употреба техничката опрема за дигитализација на дипломатскиот архив на Министерството. Проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Турција, а финансиран од турската агенција за соработка и развој – ТИКА.

Се предвидува министерот Чавушоглу да се сретне и со претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев, и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи. /МИА

30 дневен притвор за Боки 13

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е остварено, на Бојан Јовановски- Боки 13 му е одреден 30 дневен притвор од страна на Кривичниот суд. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

притисни ентер