Мистерија со тестаментот на починатата Арета Френклин

Ниту по десет месеци од смртта не може да се утврди кој е вистинскиот тестамент на починатата 76- годишна кралица на соул музиката , Арета Френклин.

Три рачно напишани тестаменти се најдени во домот на починатата кралица на соул музиката Арета Френклин.Пред десет месеци кога почина славната пејачка , членовите на нејзиното семејство тврдеа дека нема оставено тестамент.

Но , само овој месец се пронајдени три такви документи , напишани на рака. Два тестамента се од 2010 и најдени се во заклучени фиоки , откако бил најден клучот. Едниот тестамент е од 2014 и бил скриен под перница во дневната соба.

Според адвокатот Дејвид Бенет , делови од ракописот тешко се читливи , а на четири страници речениците се пречкртани со фрази допишани на краевите .

Бенет над 40 години и бил адвокат на ѕвездата и вчера ги предал тестаментите на суд и му рекол на судијата дека не е сигурен дали тоа е во согласност со законот во државата Мичиген.

Судското рочиште ќе се одржи на 12 јуни.Тестаментите ги виделе синовите на покојната пејачка , но не се согласуваат дали некој од нив е важечки и се противат на тестаментите.  

Таа одлучи да се откаже од мажите и да се омажи со нејзиното куче

Поранешната американска манекенка Елизабет Хоад, одлучи да се откаже од мажите и да се омажи со своето шестогодишно куче Логан.

Таа тоа го направи на почетокот на август оваа година.

Тие судбоносното „да“ го кажале пред 20 луѓе а Елизабет во таа прилика посебен прстен, додека нејзиното куче на себе имало посебно скроено одело.

Кума и кум на венчавката биле Ајакс и Бер, две хаски на пријателка на Елизабет.

Поранешната манекенка досега два пати била верена но никогаш не се венчала. Таа има имала и бројни состаноци со мажи но изгледа не ја нашла својата сродна душа.

-Затоа мислам дека е најпаметно да се омажам за Логан. Тој никогаш не ме напушта, како ни јас него. Некои мислат дека сум луда а јас мислам дека ова е сосема нормално, вели Елизабет.

Иако многумина се шокирани од нејзината одлука, таа не е прва особа која се омажила за своето куче. Пред нејзе тоа го има направено Вилхелмина Калаган која за своето куче се омажи 2009. година. Баш тој случај ја инспирирал Елизабет да се омажи со својот ретривер.

Пристигнува Рено Каптур хибрид со автономија на струја од 50 км

Каптур хибридниот систем ќе користи бензински мотор од 90 коњски сили и електромотор.

Кога пред неколку месеци од Рено ја претставија новата генерација на Каптур, најавија и хибридна верзија. Францускиот произведувач тогаш не откри конкретни технички детали за ова возило, но сега се појавија нови информации за неговиот погонски систем.

Од „Automobile Magazine“  тврдат дека овој новитет во погонот на Каптур, ќе користи комбинација од 1.0 литарски бензински мотор од 90 коњски сили и електромотор со јачина од 70 коњски сили. Со комбинирана моќ од 160 коњски сили, хибридниот Каптур ќе биде мошне интересен за возење.

Уште поважно е дека, Каптур на купувачите ќе им понуди и задоволувачка автономија на струја. Се тврди дека вградената батерија во овој модел би имала автономија од 45 до 50 км. Во возењето само на електричен погон, брзината ќе биде ограничена на 135 км/ч.

Планирано е овој модел да пристигне на пазарот во 2020.

Автоувозниците го поддржаа новиот закон за данок на моторни возила

Електричните возила ќе бидат изземени од обврската за плаќање данок.

 За останатите категории на возила ќе биде подготвена посебна методологија за пресметка на данокот при увоз каде ќе се земе предвид и емисијата на јаглероден диоксид што ја испушта возилото.

Ова е предвидено со новиот закон за данок на моторни возила што го подготви Царинската управа, а кој вчера беше презентиран пред импортерите на моторни возила.

Во законот се предлага возилата за достава од типот „ван" и комби возилата кои спаѓаат во категоријата на товарни возила и се наменети за превоз на стоки да се изземат од плаќање на данок на моторни возила. Патничките комби возила за превоз на осум или девет патници, амбулантните возила, возилата за превоз на починати лица и кампер возила исто така се изземени од обврската за плаќање данок или е предвиден поврат на дел од платениот данок за моторни возила.

За останатите категории возила, како што денеска соопшти Царинската управа, е подготвена посебна методологија за пресметка на данокот при увоз при што ќе се зема предвид и емисијата на јаглерод диоксид што ја испушта возилото.

Начинот на пресметка ќе биде преточен во посебна уредба што ќе ја донесе Владата. Според новата методологија, еколошките возила кои се и технолошки понови добиваат бенефит во рамки на одданочувањето наспроти возилата со иста вредност, кои се технолошки постари и се со повисоки емисии на јаглерод диоксид.

Заради усогласување со препораките и праксата во повеќето земји на ЕУ, воведени се нови категории возила кои се предмет на даночење, мотоцикли и скутери со зафатнина над 50 кибни сантиметри, четирицикли или „АТВ", „пик-ап" возила.

На вчерашната средба, како што велат од Царинската управа, новиот Предлог-закон бил поддржан од увозниците на нови возила.

Според податоците на Царинската управа, минатата година биле увезени 37.000 возила. Од нив, 88 отсто биле стари употребувани возила, а речиси 90 проценти биле дизел возила.

Царинската управа најавува слични средби и со увозниците на стари возила и невладините организации кои делуваат во насока на заштита на животната средина.

притисни ентер