САД предупредува – Кинеските дронови може да се користат за шпионажа

Соединетите Американски Држави предупредија дека дроновите произведени во Кина може да се користат за шпионирање и да му овозможат на Пекинг слободен пристап до информации.

Американското министерство за државна безбедност вчера издало предупредување во кое се наведува дека кинеските беспилотни летала носат потенцијален ризик за податоци. Во соопштението не се наведува името на ниеден производител , но се знае дека 70 % од цивилните дронови гио произведува кинеската компанија ДЏИ.

,,Американската вклада е многу загрижена поради технолошките производи што пренесуваат американски податоци на територија на авторитарна држава и на разузнувачките служби им овозможува слободен пристап до тие податоци или нивна злоупотреба на друг начин.” , се наведува во предупредувањето.

Кина и САД , кои се во трговска војна , водат битка и за технолошка превласт на светскиот пазар.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер