Дигач на тегови преживеа страшна несреќа (Вознемирувачко видео)

Дигачот на тегови, Русинот Јарослав Радошкевиќ доживеал страшна несреќа ,кога среде натпревар му се скршила ногата на неколку места.

Спортистот учествувал на Евроазиското првенсто и се обидел да подигне 250 килограми . Но , при обидот му се скршила потколеницата и зглобот , што и претходно му бил повреден.

При третиот обид , ногата му се скршила на неколку места. Итно бил однесен во болница, а според првите прогнози , опоравувањето ќе трае околу шест месеци .

Радошкевиќ се сомнева дека ќе се врати на спортот. ,, Тешко дека некогаш ќе се вратам по ваквата повреда.” , изјави дигачот на тегови.

Орбан со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Почитувани наши македонски пријатели, Ве поздравувам од Будимпешта.

Познато ни е дека Вие сега сте исправени пред донесување на важна одлука се подготвувате за важни избори. И ние ги следиме овие работи бидејќи не ни е се исто со каков ќе биде резултатот на овие избори.

Ние со Вас судбински сме поврзани. И покрај тоа што ние сме веќе внатре во ЕУ, а вие се уште надвор од неа историите на унгарскиот и македонскиот народ во минатото често пати беа поврзани.

Можеме многу да помагаме едни на други. Ние на Вас но и Вие на нас. Од таа причина не е се исто на претстојните избори во Македонија каков резултат ќе постигнат нашите пријатели.

Не сакам да порекнам дека изборот е на македонскиот народ Вие ќе избирате вие можете за себе да одберете влада која ќе ви дава повеќе од досегашната влада на власт. Сепак ние тука во Унгарија навиваме за нашиот пријател Мицкоски и би сакале како победник да го видиме ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во борбата против миграција заедно со нив изградивме таква соработка базирана на национална гордост, а со цел на одбрана на нашите семејства и слободата, која ни влева доверба по прашањето на иднината.

Веруваме дека ќе имаат добар настап и се надеваме дека вие ќе ги поддржите и Македонија ќе добие влада со која во годините што ни претстојат ние Унгарците добро ќе соработуваме и заедно ќе градиме поубава иднина и на која влада ќе можеме ќе можам и јас лично да пружиме помош со цел што побргу да станете земја членка на Европската Унија.

МЗ: Во јули лиценцирани 66 доктори на медицина

Министерството за здравство информира дека во јули, 66 доктори на медицина го положиле стручниот испит и се стекнале со лиценца за работа од Лекарската комора на Република Македонија.

Министерството за здравство стапи во контакт со сите 66 ново лиценцирани доктори на медицина, а повеќе од половината од нив изразија желба да работат со ковид пациенти.

„Во услови кога се соочуваме со најголемата светска здравствена криза, имаме 66 лекари повеќе, нови, млади сили во нашиот здравствен систем. Согласно измената која ја направивме на Законот за здравствена заштита од јануари минатата година, секој дипломиран доктор кој се стекнал со лиценца треба да обави шест месечна пракса која за прв пат му е платена со 30,000 денари месечно. Младите лекари се иднината на нашето здравство и ние продолжуваме да вложуваме во нив, во нивната до-едукација и стручност“ – потенцира министерот Филипче.

Работата во траење од шест месеци се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа.

Николоски: Заев соочен со пораз го сели својот капитал во Бугарија

На крајот сме од изборната кампања за предвремените парламентарни избори  во 2020-тата година. 

Победата на ВМРО-ДПМНЕ, промената во Македонија е веќе извесна. Обновата доаѓа. И со тоа се гледа и паниката кај Зоран Заев и СДСМ.

Мојот противкандидат во 4-тата изборна единица не собра храброст во текот на целата кампања да излезе на дуел со мене, и да се соочи со мене во однос на програмските концепти и определби за во 4-тата изборна единица. Да видиме што ветувам јас и ВМРО-ДПМНЕ за 4-тата изборна единица, а што ветува Зоран Заев и СДСМ за 4-тата изборна единица. Но исто така да видиме и што е досега направено.

Она од што најмногу страда Македонија е криминалот и корупцијата, и мислам дека тоа е едно од основните причини зошто избега од едно вакво соочување. Но граѓаните на 4-тата изборна единица ќе го дадат одговорот на 15-ти јули, кога ќе се случи една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Дека е така, покажува и фактот што Заеви почнаа да го селат капиталот од Македонија. Имено семејството Заеви се јавува како странски инвеститор во Република Бугарија. Јас јавно повикав пред една недела да излезе во јавноста и да каже дали неговото семејство се јавува како странски инвеститор во најмалку две европски држави. Еве едната ја објавувам денес, тоа е Република Бугарија. Но денес нема одговор, и бидејќи нема одговор решив јас да се произнесам на јавноста и да ги презентирам документите.

Основното прашање е дали се спремаат за бегство после поразот на парламентарните избори на 15-ти јули. Домашните фирми, односно фирмите во Македонија кои што се во сопственост на Заеви веќе се селат односно мигрираат во Бугарија. Односно тамошните фирми веќе стануваат сопственици на фирмите кои што Заеви ги поседуваат во Македонија. Покрај досега објавените фирми кои што се во сопственост на Заеви во Бугарија, а тоа се: „Ориент Груп“, „Гомасидра“, „Радиша Трејд“. Сите формирани во Бугарија откако Зоран Заев е на власт. Основани се две нови после претседателските избори кога веќе мирисаше на скандалот „Рекет“. Значи свесни дека поразот е неминовен, свесни дека скандалите ќе почнат да излегуваат формираат две фирми во Бугарија.

Двете нови фирми кои се во сопственост на Трајче Заев и Бобан Заев истите се основани на 13-ти мај 2019-та година. На иста адреса во Петрич, како и претходните со име „Медикал 420 БГ“ и „Фарма ЕУ БГ“.

Во интерес на јавноста ги презентирам документите за овие две фирми, ова е „Фарма ЕУ БГ“ и еве го потписот на основачкиот акт.

И втората фирма исто така основана во Бугарија, во Петрич, „Медикал 420 БГ“, исто така потпишан на основачкиот акт.

Истите овие две фирми, основани во Бугарија, „Фарма ЕУ БГ“ и „Медикал 420 БГ“ се јавуваат како сопственици на најмалку две фирми во Македонија, а во дел други фирми се јавуваат како малцински акционери. Сето ова отвора прашање во однос на тоа какви се намерите на семејството Заеви после поразот на парламентарните избори. Свесни дека ќе треба да одговараат за сторениот криминал и корупција кои што ги направија во изминатиот скоро четири годишен период на власт и второ го поставува логичното прашање зошто во текот на целата кампања Зоран Заев не одговори на моето прашање, а тоа е дали е во состојба да го докаже потеклото на сопствениот капитал и потеклото на капиталот на неговото семејство затоа што ВМРО-ДПМНЕ ветува во програмата За обнова на Македонија е еден од основни носечки проекти во делот на борба против криминал и корупција да биде усвојување на закон со кој што ќе се испита потеклото на капитал на сите луѓе кои што се занимавале со јавен живот во изминатите 30 години. Цела кампања го повикував, цела кампања не одговори, веројатно ова е една од причините.

Почитувани,

Обновата доаѓа, јас сум сигурен дека вие ќе одберете обнова и дека на 15 јули ќе се случат промени, а после тоа ќе ја градиме заедно Македонија, економски ќе ја издигаме, но исто така ќе има одговорност за сиот сторен криминал и корупција уште во првите 6 месеци, на тоа јас се обврзувам, на тоа ВМРО-ДПМНЕ се обврзува.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер