Анархисти со боја и димни бомби го гаѓаа грчкиот Парламент (ВИДЕО)

Триесетина припарници на анархистичката група Рубикон денеска со боја и димни бомби ја гаѓаа зградата на Парламентот во Атина.

За сега никој не е уапсен , соопшти полицијата во Атина , откако анархистите ја презедоа одговорноста за нападот. Претседателот на Парламентот Никос Вуцас , кој во тоа време бил во зградата овој чин го нарече екстремен и противдемократски.

Рубикон во соопштението објасни дека го нападнале Парламентот во знак на поддршка на борбата на екстремниот левичар Димитрис Куфодинас , кој по 15 дена штрајк со глад е на интензивна нега во болница во Атина.

Куфоринас е поранешен член на екстемистичката организација ,,17.ноември” , a е познат како главен егзекутор во седумдесетите и осумдесетите години на минатиот век. Тој за убиство на 23 лица е осуден на доживотен затвор.

Меѓу жртвите на Куфодинас е и раководителот на канцеларијата на ЦИА во Грција , Ричард Велч , како и грчки бизнисмени , турски дипломати и британскиот воен аташе. Пред пет дена анархистите со црвена и црна боја ја гаѓаа и зградата на резиденцијата на американскиот амбасадор во Атина.

Митрески: Ги зголемуваме субвенциите за енергија на 120 илјади денари за домаќинства

Ранливите потрошувачи ќе добијат поголема поддршка.

„Енергетската независност на Македонија е значаен приоритет за СДСМ и за Коалицијата за европска Макединија. И во време на најголемата енергетска криза, граѓаните не го почуствуваа недостатокот на светскиот пазар, затоа што водевме мудри политики и обезбедивме енергија за целата држава. Во наредниот мандат гарантираме зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70 проценти во однос на 2019 година, со што ќе бидеме енергетски независни“, изјави Јован Митрески, носител на ИЕ 5 за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија.

Тој најави дека во наредниот мандат ќе биде зголемен капацитетот на обновливи извори на енергија за најмалку 100 проценти, а еден милион граѓани ќе добиваат енергија од обновливи извори.

„Ги зголемуваме субвенциите од 80 илјади на 120 илјади денари за домаќинства, ги зголемуваме мерките за заштита на правата на ранливите потрошувачи на енергија. Воведуваме забрана за изградба на нови мали хидроцентрали“, додаде тој.

Митрески најави и дека ќе продолжи поддршката на бизнисите, преку 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производството и 3,5 милијарди капитални инвестиции и гарантираме стабилна даночна политика.

„Воведуваме 0 проценти данок на личен доход за минимална плата, како и по 200 евра за во првите 12 месеци за секое прво вработувањ на лица до 26 години. Планираме инвестиции од над 2,7 милијарди евра, за модернизација на инфраструктурата во сите општини, квалитетна инфраструктура е предуслов за растечка економија и повисок животен стандард“, додаде Митрески.

Николоски: Од каде му се парите на Филипче за скапата кампања и луксузното возило?

Oдговорот е јасен тоа се  украдените народни пари

На синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во Ново Село, свое обраќање имаше носителот на листата за пратеници од четвртата изборна единица, Александар Николоски. Тој го запраша својот противкандидат Венко Филипче, од каде му се енормните суми на средства за скапата кампања и спотови кои ги објавува.

Пред некој ден сними едно скапо видео, скапо е од две причини, прво му го снима видеото скапа маркетинг ПР агенција, којашто плаќа по 100 евра по медиум за објава на текстовите за него, само тоа видео беше споделено на 22 медиуми, што значи дека само за тоа видео потрошиле 2200 евра, па прашањето е од кај им се парите за таа работа? Одговорот е јасен, тоа се ваши народни, крадени пари, од вас ги украдоа за себе да си прават пропаганда. И втората причина, зошто е ова скапо видео, е затоа што видеото е снимено во автомобил додека Венко Филипче вози во можеби најскапиот автомобил којшто било кој политичар во Македонија го поседува, јас искрено не знам ни до крај марката да ја кажам, ми кажаа дека е некое најново Ауди, СУВ или џип вака понародски кажано, најскапото коешто го има на пазарот, е во такво возило се вози мојот против кандидат, јас се возам во шкода вака за споредба, рече Николоски од митингот во Ново Село.

Тој посочи дека вакво луксузно возило невозможно е да се набави, ниту со докторска, ниту со министерска плата, туку исклучиво со криминал и корупција.

Мислам дека нити со пратеничка, нити со докторска плата не може да се заработи возило коешто чини повеќе од целокупниот род овде околу да се откупи, возило од 250.000 евра не се заработува нити од министерска плата, нити од докторска плата, се заработува исклучиво од криминал и корупција, потенцираше Николоски.

Руските сили ги гранатираа Запорожје и Одеса

 Украинците со дронови ја нападнаа Белгородската област

Руските сили изутринава извршија ракетни напади врз индустриската зона во Запорожје на југот на Украина и пристаништето Одеса, соопштија украинските власти.

Шефот на регионот Запорожје, Иван Федоров, на Телеграм напиша дека во нападот нема повредени, пренесува Укринформ.

Во Одеса имаше воздушен напад и екслозии, изјави шефот на регионалната администрација Олех Кипер.

Руската армија ја нападна и воздушната база во градот Конотоп во регионот Суми и 58-та украинска моторизирана пешадиска бригада. Во воздухопловната база се стационирани хеликоптери, а во близина се наоѓа и фабрика за ремонт на авиони.

Украинците, пак, со беспилотни летала ја нападнале руската погранична област Белгород, при што загинале две лица, објавија медиумите во Русија.

Спречен е напад со дронови во Смоленската област, а од делови на уништено беспилотно летало избувнал пожар во зградата на енергетскиот комплекс, изјави шефот на регионот Василиј Анохин.

Претходно во текот на ноќта, како последица на експлозија на дрон, оштетена е енергетската инфраструктура во областа Малојарославец во областа Калуга. /МИА

притисни ентер