НАСА : Големата сина дамка прави силни магнетни пореметувања на Јупитер

Леталото ,,Јуно”  на НАСА забележа периодични промени во магнетоното поле на Јупитер , што е прва ваква информација за феномен на друга планета.

Станува збор за феноменот т.н. секуларна варијација , која укажува на долготрајни и непредвидливи промени на магнетното поле , а од резултатите на Јуно научниците утврдиле дека феноменот е поттикнат од атмосферските ветришта на планетата.

,,Овој феномен можевме да го откриеме единствено со помош на исклучително прецизни научни инструменти на леталото Јуно и нејзината единствена орбита околу Јупитер , поради што лета многу блиску до планетата.” изјави астрофизичарот Скот Болтон од институтот Southwest Research.

Ветриштата што ги предизвикуваат таквите промени се протегаат од површината , па се до длабочина на околу 3 000 километри , каде внатрешноста бна планетата се менува од гасна состојба , каква што е целата планета Јупитер, во течен метал.

Научниците сметаат дека ветровите ги растегнуваат магнетните полиња и ги разнесуваат по целата планета.

притисни ентер