На седницата на шпанскиот Парламент дојдоа и притворените каталонски пратеници

Денеска во шпанскиот Парламент се одржа конститутивна седница по избортие одржани во април.

Меритксел Батет (46) од Социјалистичката работничка партија е избарана за претседателка на парламентот и тоа по вториот круг на гласањето. Во првиот круг , во кој за да биде избрана и беа потребни 176 гласа , доби 175 од вкупно 350 пратеници. Пратениците од катаслонската и од баскиската партија на своите ливчиња напишаа ,,слобода”.

Социјалистите победија на изборите во Шпанија , одржани на 28 април , но недоволно , така што ќе биде потребно да почнат преговори за коалицирање со помалите партии , па дури и со каталонските.

Партиите на Каталонците држат 22 места во Парламентот и денеска , иако некои од нив приведени , се појавија на конститутивната седница. Беа облечени во црни маички , на кои беше исцртано знамето на независна Каталонија.

Петмината од нив се затворени во затвор во близина на Мадрид и под силно обезбедување беа донесени во Парламентот.

Кога влегуваа со голем аплауз беа поздравени од пратениците од нивната и од блиските партии , кои се залагаат за одвојување на Каталонија од Шпанија.

Локализиран пожарот од страна на Пинтија

Целосно е локализиран пожарот од страна на Пинтија, останува дел над населбата Усје. 

Противпожарни екипи се на терен и се работи на негово комплетно гаснење, информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Пожарот избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена беше поголема површина мешана шума.

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во гаснењето на пожарот доби помош и од воздух, активирани беа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. Авионите направија два прелети  и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Пожарникарите уверуваат дека нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште.

Во гаснењето на пожарот во Пинтија се вклучи и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски со претставници од Општината и месното население.

Во моментов активен е само пожарот кај Обиколница Бутел, а изгаснати се пожарите во Долно Блаце и Мојанци./МИА

Во сообраќајна несреќа настрадале мајка и ќерка од Пирот

Наместо да стигнат на одмор во Грција тие настрадале во сообраќајна несреќа.

Во сообраќајната несреќа која се случила во петок изутрина во Бугарија, на магистралниот пат кон Грција се случила сообраќајна несреќа во која настрадале мајка и ќерка, додека таткото кој го управувал возилото со тешки повреди е пренесен во болница.

Како што соопштуваат бугарските медиуми, несреќата се случила откако возилото „Фиат Панда“ со пиротски регистарски таблички од непознати причини нагло свртело на другата страна од коловозната лента и направило директен судир со автобус кој се обраќал на релација Благоевград- Сапарева бања.

Семејството од Пирот на кое му се случи оваа несреќа било тргнато на годишен одмор во Грција.

Тројца мртви во инцидент меѓу навивачи во Хондурас

Тројца се убиени во инцидент меѓу навивачи пред фудбалскиот меч помеѓу Мотахуе и Олимпија на Националниот стадион во Хондурас, пишуваат локалните медиуми.

Тие пренесуваат дека навивачи на Олипија го нападнале автобусот во кој се возеле навивачи од противничкиот тим. Се слушало пукање а полицијата користела солзавец за да го сопре инцидентот. Повредени се уште тројца луѓе од скршено стакло.

притисни ентер