Веста не ја потврди ниту поранешната олимписка победничка , ниту Кремљ од каде не го коментираат личниот живот на претседателот. 36 – годишната Кабајева според извори на кои се повикуваат светските медиуми , на почетокот на месецов родила две машки бебиња. Породувањето било извршенио во луксузна приватна клиника во Москва , каде тој ден бил испразнет цедлиот четврти кат на клиниката.
Московскиот весник ,,Московскиј Космолетс” ја објави веста за раѓањето на близнаците , но набргу веста била тргната од нивниот сајт. Истражувачкиот новинар Сергеј Канев се повикува на болнички извори и тврди дека Кабајева ги родила бебињата со царски рез , а на клиниката тој ден имало голем број агенти на безбедносните служби.
,,Половина од медицинскиот персонал бил исфрлен од родилната сала.” , му изјавил неименуван извор на Канев. При породувањето бил и познат италијански доктор , кој заедно со директорот на клиниката , академик Генадиј Сукик , ја породил Кабајева.
Руските медиуми не ја објавија оваа вес , освен еден портал во сопственост на Александар Карманов. Поранешната гимнастичарка , која е блиска до разведениот Путин повеќе од десет години , не се појавувала во јавност од октомври минатата година.