Ситните сипаници го ставија под клуч хируршкото одделение во струшката болница

Морбилите го затворија хируршкото одделение во струшката болница. Половина од вработените од овој оддел се заболени со ситни сипаници.

Од оваа болница 14 вработени се болни од морбили. Дел од заболените се вакцинирани со една доза. Началникот на хируршкото одделение  вели дека првичниот рок ќе биде на 28-ми мај, но се зависи дали ќе има и нови заболени.

Закажаните операции се откажани, а пациентите се препраќаат во Охрид или во Скопје на операција.  

Затворањето на оддел во болница го отвора прашањето дали морбилите сериозни ќе влијаат на функционирањето на здравствениот систем. Од Инситутот за јавно здравје со повторување на препорката медицинскиот кадар да го провери својот вакцинален статус, со можност за ревакцинирање. Минатата недела пикот на заболени беше највисок 130. Најголем број од заболените се надвор од Скопје.

притисни ентер