Ликовната колонија „Мал Битолски Монмартр" со учесници од 50 држави

 Меѓународната детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр" годинава е со најголем број учесници и од сите страни на Светот, изјави раководителот Коста Хаџи Антоновски.

Во пресрет на свеченото отворање кое според востановената традиција на 23 мај ќе се одржи во Старата Битолска чаршија и со спекатакуларен огномет, Хаџи Антоновски најави дека првите учесници ќе стигнат утре, и сите заедно ќе творат до 30 мај.

-Колонијата, овој фестивал, по 38 пат го организираме со голема љубов, со големо гостопримство за ентузијастите и вљубениците во детското ликовно творештво. Подготвени сме да ги пречекаме сите ученици и наставници, полни сме со позитивна енергија, иако до денес не сме добиле ниту денар за организација на меѓународната детска ликовна колонија, посочи Хаџи Антоновски.

Според програмата, колонијата ќе почне со доделување на наградата „Гран при" за 2019 година која лично ќе ја прими бројна делегација од училиштето „Simply Art" од Хонг Конг-Кина, а потоа учесниците 4 денови ќе цртаат во Битола и еден ден во Охрид.

-Делата на најдобрите учесници поединци од колонијата во Битола ќе бидат наградени со учество на Самит на ликовни уметности во Хонг Конг кој годинава ќе се одржи на 3 и 4 ноември во Кина. 

Исчезнат е дедо Мирослав

Исчезнат е Мирослав Видовски.

Го нема седум дена. Дедото има 73 години и живее во Центар, на улицата „11-ти октомври“, од каде му се губи трагата.

Неговото семејство се јави во Канал 5 порачувајќи доколку некој има било какви информации да се јави на бројот 077-626-145 и да ја информира госпоѓа Милка.

Повредена 18-годишна девојка откако во неа удрил возач на голф

 Осумнаесетгодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна несреќа на булеварот „Видео Смилевски-Бато", вчера околу 18:30 часот, откако во неа удрило патничко моторно возило „фолкваген голф" со тетовски регистарски ознаки.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи,  во Т.А (18) удрил 47-годишниот Ш. Х. од Вејце кој управувал со „голфот".

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 18-годишната девојка, која потоа била пренесена во болницата во Тетово, соопшти денеска МВР.

Увид на местото на сообраќајката извршила екипа од СВР Тетово.

УЈП ќе постави информативни пултови за мерката за поврат на ДДВ

 Управата за јавни приходи (УЈП) денеска попладне ќе постави пулт „Мој ДДВ" во Веро 2 Тафталиџе во Скопје, каде граѓаните ќе можат да се информираат за мерката поврат на 15 проценти од пресметаниот ДДВ.

Вакви промоции на Мој ДДВ во наредниот период ќе се случуваат во повеќе градови низ државата, најави УЈП. 

притисни ентер