Курц изјави дека ќе направи сè за да обезбеди стабилност во наредните месеци

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека ќе направи сè за да обезбеди стабилност во наредните месеци.

Претходно беше објавено дека сите министри од екстремно десничарската Слободарска партија поднесуваат оставка поради корупцискиот скандал што ја потресе земјата, но и Европската унија.

Австриската екстремно десничарска Слободарска партија објави оставка на сите нејзини министри во коалициската влада формирана во декември 2017 година со конзервативците на канцеларот Себастијан Курц.

Станува збор за министрите за надворешни, одбранбени, транспортни и социјални работи.

До ова дојде откако Курц соопшти дека го менува министерот за внатрешни работи Херберт Кикл како последица од скандалот околу компромитирачкото видео со претседателот на Слободарската партија.

Рама: Пендаровски е претседател со кој треба да се гордееш, Мета не тера да се чувствуваме засрамено

Албанскиот премиер Еди Рама на изборен митинг во Пустец рече дека неговиот добар пријател, претседателот на Северна Македонија, Стево Пендароски, е целосна спротивност од неговиот албански колега Илир Мета.

-Мојот добар пријател, претседателот на Северна Македонја, Пендаровски,е дел од напорите на народот, државата, владата за да ги убедат земјите членки, Советот на Европа дека треба да се отворат преговорите.Тој е претседател со кој треба да се гордееш. Претседателот на Албанија е дел од напорите за спротивното. Тој е дел од напорите до крај да се создаде сомневање дека Албанија не заслужува отворање преговори. Со неговото однесување, неговиот пристап, бруталноста и неодговорноста со кои тој го толкува Уставот и скандалозната интервенција во изборниот процес тој е во целосна функција на план смислен на опозицијата. Тој е претседателот кој не тера да се чувствуваме засрамено, рече Рама.

Се задржа и на неговата вчерашна реакција во врска со изјавата на Пендаровски и кажа дека размениле мислења и оти се „разјасниле во врска со изјавата".

-Албанија е во еден исторски миг, исто како и Северна Македонија, двете земји очекуваме да почнеме преговори, но, за жал, за разлика од Северна Македонија, Албанија е во внатрешни напори за спасување од стапицата што е поставена од луѓе кои имаат за цел да ги попречат и да ги отфрлат преговорите за членство во ЕУ. Ова е несреќа, истакна Рама.

Претставувајќи го кандидатот на Социјалистичката партија, Пали Колевски, за градоначалник на Пустец, тој ги пофали Македонците дека се чесни граѓани кои ја почитуваат државата и законот.

-Кандидатот Колевски е од вашата заедница. Тој е најдоброто решение. Кога станува збор за малцинствата, не станува збор за број. Северна Македонија е близок пријател на Албанија. Нашите две земји меѓусебно се почитуваат, порача Рама повикувајќи ги жителите на Пустец масовно да излезат на изборите на 30 јуни и да гласаат за Колевски.

Колевски, родум е од Пустец, со семејството живее во Корча и е вработен во Царинската управа на Албанија.

Негов против кандидат е актуелниот градоначалник Едмонд Темелко од Македонска алијанса за европска интеграција, кој ќе се обиде по четврти пат да ја дибие довербата на жителите од оваа општина.

Општина Пустец ја сочинуваат девет села населени со Македонци. /МИА

ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ паѓа, тоа му е јасно и на Зоран Заев

СДСМ паѓа заради младите кои забрзано ја напуштаат државата и заминуваат во странство, да работат и живеат, се наведува во соопштението од ВМРО - ДПМНЕ.

СДСМ паѓа заради сите неправди и сиромаштијата во која ги втурнаа граѓаните.СДСМ паѓа затоа што затвораат и малтретираат недолжни граѓани.СДСМ паѓа затоа што ги изневери граѓаните.

Зоран Заев е во калта. Колата наречена СДСМ е тргната низ удолница од која нема враќање. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада за обнова на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ гаранитира стандард и успеси за Македонија и нејзините граѓани.Ќе има повисоки плати и сигурност за вработените.

ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи подобро здравство, образование и наука.Сплотени и со чиста мисла Македонија мора да се крене од пепелта.

Ќе ја обновиме Македонија. Ќе обновиме се иќе ја поставиме државата на здрави темели. Потребно е СДСМ и Зоран Заев да си заминат во историјата.

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, Мицкоски останува на спротивната страна од интересите на граѓаните

Додека во СДСМ се заокружува процесот на промени кои се во интерес на граѓаните и имаат за цел да го забрзаат напредокот, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е иста како ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски.

Тоа е истата матрица на поделби, деструкција и одбрана на криминал.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои навиваат за неуспех, единствените кои работат против интеграција во обид да ја вратат државата назад во темното минато на изолација.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на спротивната страна од напредокот од развојот и интеграцијата, на спротивната страна од граѓаните и нивните интереси.

Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа поразени и на претседателските и на предвремените локални избори и затоа одново ќе бидат поразени.

Граѓаните се определени за напредок, за иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го спречат остварувањето на стратешките цели членството во ЕУ и НАТО.

Република Северна Македонија оди напред и враќање назад нема, се наведува во соопштението на СДСМ..

притисни ентер