Почина легендарниот Формула 1 шампион Ники Лауда

Светскиот спорт загуби уште еден великан.Доцна синоќа на 70-годишна возраст почина трикратниот Формула 1 шампион, Ники Лауда.

„Со голема болка објавуваме дека нашиот сакан Ники почина на 20 мај 2019 година“ – објави семејството на Лауда.

Легендарниот Ники Лауда беше светски шампион во Формула 1 во 1975, 1977 и во 1984 година.

Светот ја памети и големата катастрофа која ја доживеа Ники Лауда на Нирбугринг во 1976 година. Неговото Ферари се запали на патеката Лауда помина 40 секунди во запалениот кокпит во пламен на 800 степени. Иако беше на работ на смртта  сепак бестрашниот шампион неколку   недели подоцна се врати на патеката и следната сезона ја освои својата втора титула Светски шампион.

Во 1979 година лауда става крај на кариерата во Формула 1, но во 1982 се враќа во Мекларен, за да ја освои третата титула во 1984, по што во 1985 повторно го напушта спортот, за да се оддаде целосно на авијацијата. Од 2012 Лауда беше директор на Мерцедес  и ТВ аналитичар на РТЛ.

Минатото лето врз него беше извршена трансплантација на белите дробови поради што неколку месеци мина во болница, хируршкиот зафат за кратко му го продолжи животот, но Лауда синоќа ја загуби најважната битка.

Во почетокот на 2019 влезе во болница поради инфекција по компликации со грип. Според австриските медиуми, во последните неколку дена Ники Лауда  бил во болница во Швајцарија поради проблеми со црниот дроб.

притисни ентер