Мадона одговори на критиките по очајниот настап на Евросонг

Една од главните теми на социјалните мрежи е очајниот настап на Мадона на Евросонг.

Кралицата на поп музиката во ревијалниот дел на фестивалот имаше настап и отпеа две песни, за што заработи 2 милиони долари.

Но , нејзиниот настап од милиони на социјалните мрежи беше оценет како дебакл, со фалшеви кои ги коментираа и музичарите , како и гледачите на Евросонг.

Мадона реши да се огласи на Инстаграм по коментарите на нејзиното пеење. Таа објави фотографија во костумот од Тел Авив , со коментар ,, Мадам Х не слуша зло.”

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Madame ❌ Hears no Evil............... #future #eurovision #madamex

A post shared by Madonna (@madonna) on

Порше какво ретко кој може да замисли (ВИДЕО)

Порше е симбол на престиж и луксуз со своите популарни спортски модели , но своевремено имале производство и за широките народни маси.

Моделот Ц88 бил развиен за потребите на кинеската влада за производство на семеен автомобил. Ова се случувало во 1994 година кога кинеската влада побарала од пет врвни автомобилски компании да понудат модел на семеен автомобил.

Најдобриот од нив требало да почне да се произведува под кратенката FAW.Но, во меѓувреме кинеските власти се предомислиле и почнале во 1996 со сопствено производство со ограничен увоз на автомобили од странство. Моделот на Порше е со Ц како почетна буква на China , а 88 во кинеската култура означува среќа и богатство.

Од Порше понудиле три модели , од кои најпрестижниот имал 405 сантиметри должина и 163 широчина со 1.1 мотор со сила од 68 Кс. За 16 секунди диостигнувал до 100км/час со максимални 165 км/час. Трошел под 6 литри бензин на 100 км.

Интересно е дека уште тогаш Порше понудил целосна опрема како АБС и воздушни перничиња. Планот бил Порше да произведе половина милион примероци годишно од Ц88.

Овој модел е изложен во музејот на Порше , а концептот подоцна и бил продаден на Индија.

Роботите до 2030 ќе избришат 20 милиони работни места

Како што автоматизацијата продира во нашиот секојдневен живот, зголемувањето на бројот на роботи може да избрише 20 милиони слободни работни места до 2030 година.

Оваа прогноза произлегува од новата студија објавена денеска од Оксфорд Економикс, независна истражувачка компанија од Британија."Иновациите во областа на вештачката интелигенција, машинското учење и компјутерската сила сугерираат значително забрзување во примената на роботите во услужните дејности ", се вели во студијата објавена денеска.

Студијата анализира седум напредни економии во светот: САД, Германија, Британија, Франција, Шведска, Јужна Кореја, Јапонија и Австралија.

"Овие земји беа избрани врз основа на квалитетот на достапните податоци, и затоа што тие се претставници на глобалната економија. Можеме да претпоставиме дека големите градови ќе бидат под помало влијание од руралните економии ориентирани кон производство ", изјави Едвард Коун од Оксфорд Економикс, еден од авторите на студијата.

Од 2000 година, околу 1,7 милиони работни места низ целиот свет се изгубени поради роботиката. Секој нов робот заменува околу 1,6 работници во производството, што би можело да доведе до намалување производната работна сила до 2030 година, за 8,5 отсто помалку од денес.

"Да, магацинските работници од Амазон веројатно ќе ги заменат роботите во наредните две до три години, но не очекувам луѓето да бидат заменети со роботи кои работат во неструктурирани услови за уште 20 до 30 години. Сè уште има нови достигнувања ", вели Каи-фу Ли, претприемач и поранешен виш директор во Гугл и Мајкрософт.

"Клучниот момент на овие приказни е импликациите во реалноста. Фрустрирачки е тоа што роботите ќе ги заменат работниците, кои потоа ќе одат во други сектори. Но, роботите потоа ќе дојдат и во тие сектори. Роботите нè превземаат. Ние можеме да се движиме од производство до изградба или транспорт, но роботите, исто така, ќе ги загрозат овие работни места ", вели Едвард Коун.

Сепак, роботите можат да подобрат некои сектори, како што се здравствената заштита, каде што машините можат да работат заедно со луѓе, наместо да ги заменат. Оваа студија е поврзана со неодамнешната CitiGroup студија наречена "Технологија на работа v4.0", што покажува дека околу 47 проценти од сите работни места во САД ќе бидат заменети со автоматизација и вештачка интелигенција. CitiGroup исто така откри дека употребата на роботи ја зголемува ефикасноста во голем број индустрии. Во банкарскиот сектор, виртуелните финансиски советници се 80 отсто поекономични од луѓето и можат да одговорат секој ден на 1,5 до два милиони кориснички прашања.

Ова исто така значи дека зголемувањето на бројот на роботи за 30 отсто до 2030 година довело до зголемување од околу 4,9 трилиони долари во глобалниот БДП, што е еквивалентно на денешниот БДП во Германија.

Подемот на роботиката  уште повеќе ќе ја зацврсти позицијата на Кина како центар на светското производство. Во моментов, секој трет робот работи во Кина. До 2030 година ќе ги има 14 милиони.

Милијардерка покажа како изгледа без грам шминка

Кајли Џенер (21) , која е сопственичка на козметичка линија , е снимена така што никој не може да ја препознае најмладата американска милијардерка.

Кајли Џенер , најмладата сестра во семејството Кардашијан , која според магазинот Форбс има бизнис вреден милијарда долари , се појави во неугледно издание на забар.

Таа беше ,,уловена” од папараците во една стоматолошка ординација на Беверли Хилс без грам шминка. Кајли беше облечена во црни хеланки и маица со качулка , а нозете имаше стари патики.

За да се скрие од несаканите погледи , ставила црни очила , но сепак не помина незабележано. Според Дејли Мејл , хеланките и маицата се дизајн на Канје Вест , сопругот на нејзината сестра Ким Кардашијан.

притисни ентер