Лани германската влада потрошила на мигранти рекордни 23 милијарди евра

Германската влада минатата година за бегалци потрошила рекордни 23 милијарди евра .

Според агенцијата Ројтерс, која се повикува на интерни документи на германската влада , за олеснување на интеграцијата на над милион мигранти и за да ги укине причините за нивното бегство од родните земји потрошила 23 милијарди евра.

Тоа е за десет проценти повеќе отколку претходната година, се наведува во документите на Министерството за финансии. најмногу се зголемил трошокот за борба против причините поради кои мигрантите решиле да ја напуштат земјата на потекло и да стигнат во Германија.

Германија со 7,9 милијарди евра или за 16% повеќе од 2017 им помага на некои африкански земји за подобрување на условите за живот на граѓаните.

Во текот на 2015 и 2016 Германија прими рекорден број од над милион мигранти , најголем број од Сирија , Ирак и Авганистан. Минатите две години најголемиот број баратели на азил се од земјите на Африка.

Бојан Јовановски во 12 часот на распит кај Вилма Русковска

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денеска во 12 часот во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе биде донесен  од притворот во Шутка на распит кај обвинителката Вилма Русковска.

Пред обвинителството е Михајло Видимлиски,ова  е прво соочување на Боки 13 со обвинителката Рускоска по скоро три месеци од мерката притвор која му беше одредена за случајот “Рекет”.

Џафери во посета на Казахстан

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, во состав на делегацијата е и пратеникот Енес Ибрахим.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска и утре учествува на Четвртиот состанок на претседателите на парламентите на земјите од Евроазија на тема: „Голема Евроазија: Дијалог. Доверба. Партнерство", во Нур-Султан, Република Казахстан.

На состанокот учествуваат парламентарни делегации од шеесетина земји и 39 претседатели на национални парламенти од Европа и Азија, како и 13 меѓународни парламентарни собранија. Се очекува на крајот од состанокот да биде усвоен Финален документ со препораки за поблиска соработка меѓу државите и унапредување на дијалогот, довербата и партнерството во регионот.

По завршувањето на овој мултилатерален форум, на 25 и 26 септември 2019 год, претседателот Џафери ќе оствари официјална посета на Република Казахстан, на покана од претседателот на Мажилисот на казахстанскиот Парламент Нурлан Нигматулин. /МИА

Помпео ќе се состане со Лавров в петок

Американскиот државен секретар Мајк Помпео треба в петок да се состане со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на маргините на заседанието на генералното собрание на ОН во Њујорк.

Тие последен пат се сретнаа кон средината на мај во Сочи во Русија. Од тогаш Москва и Вашингтон се повлекоа од билатералната спогодба за нуклеарните сили од среден дострел што се заканува повторно да ја стартува трката во вооружување.

притисни ентер