ОЈО го доби известувањето од полицијата за аферата со Богоевски, но „топката“ ја врати во МВР

Аферата поврзана со претседталот на Мандатно иминутетната комисја, Павле Богоевски, засега го спасува пратеничкиот мандат на поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски.

Пет дена по пријавата од Богоевски за случајот со аудио снимката во полиција, МВР конечно го достави известувањето до скопско обвинителство. Оттаму по направените консултации топката повторно ја префрлат во Минситерството, издавајќи наредба за утврдување на идентитетот на таксистот, лицето од кое биле нарачувани наркотиците и за кого. Обвинителството за задолжува МВР преку меѓународните интрументи да открие и кој стои зад профилот Илија Громовник.

Богоевски кој е на чело на комсијата која деновиве треба да одлучува за мандатот на екс премиерот Груевски, и дененска не сакаше јавно да кометира за случајот. Иако формалното објаснување од страна на пратеникот за нејзиното одложување е давањето приоритет на комисиите што ги работат реформите во безбедноста, поради нивната важност, во јавноста се погласно се шпекулира дека причината е токму сканадалот со нелегалната нарачка на наркотици. Премиерот Заев во однос на случајот со Богоевски го повторни веќе изнесениот став на владејачката партија дека тоа е лична работа на пратеникот и побара од надлежните инстиитуции да го расчистат случајот.

Експертската јавноста очекува и правна и морална одговорност за случајот, кој, според аналитичарот Петар Арсовски може да ги доведе во прашање дури и евентуалните одлуки кои би произлегле од мандатно-имунитетната комисија, доколку со неа претседава Богоевски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, и дененска не се откажува од барањето Богоевски да си поднесе оставка. Отако вчера симболично пред Собранието оставија килограм брашно за пратеникот, денеска помладокот на партијата му остави прашок за перење, порачувајќи му на пратеникот Богоевски дека не може да ја испере совеста.

Иран објави детали за ракетите и дроновите користени во нападот врз Израел

Иранските државни медиуми објавија детали за оружјето користено во нападот без преседан врз Израел за време на викендот меѓу кои и проектили со голем дострел способни да прелетаат речиси 2.000 километри.

Иранските државни медиуми објавија детали за оружјето користено во нападот без преседан врз Израел за време на викендот меѓу кои и проектили со голем дострел способни да прелетаат речиси 2.000 километри - двојно повеќе од растојанието потребно за да се стигне до Израел, јави ДПА.

Според државната новинска агенција ИСНА, Техеран користел балистички ракети со среден дострел „Емад“ и „Кајбаршекан“. Модерната верзија на Heybarshekkan има дострел до 1.800 км. Ракетите „Емад“ можат да носат боева глава тешка околу 750 килограми и да прелетаат најмалку 1.700 километри. Според новинската агенција ИРНА, тие се лансирани од подземни ракетни силоси.

Растојанието од Западен Иран до Израел е околу 1.000 километри, јави ДПА и потсетува дека Иран го прогласи Израел за непријател по Исламската револуција во 1979 година.

Во текот на викендот Техеран изврши директен напад врз Израел во кој, според израелски извори, биле употребени околу 300 проектили и беспилотни летала. Нападот ги засили стравувањата од голем конфликт на Блискиот Исток. Нападот дојде откако Иран се закани дека ќе се одмазди за воздушниот напад врз комплексот на неговата амбасада во Дамаск на 1 април, во кој загинаа двајца генерали и други офицери. Се верува дека нападот го извршил Израел - нешто што Тел Авив не го негира, ниту го потврдува. Според ИРНА, Иран во нападот користел и крстосувачки ракети Павех, способни за брзина до 900 км/ч. Заедно со ракетите, Техеран во нападот против Израел употреби и беспилотни летала Шахед-136 - истите што Русија ги користи против Украина.

Средба на претставници за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан

Во Брисел денеска ќе се одржи средба на високи службеници задолжени за секторите правда и внатрешни работи на ЕУ и на земјите од Западниот Балкан. 

Станува збор за структурен дијалог на Унијата со земјите кандидати за членство од регионот на Западниот Балкан што се одржува за време не секое претседателство со ЕУ.

На средбите на ова ниво се разменуваат мислења за актуелни прашања поврзани со повеќе теми, како справувањето со тероризмот и насилниот екстремизам, борбата против шверцот на дрога и организираниот криминал, менаџирањето со миграцијата и азилот и зајакнувањето на владеењето на правото и реформите во правосудството, а се работи и на подготовка на годишниот министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан.

Следниот министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан треба да се одржи во втората половина на 2024 година. Последниот министерски состанок се одржа во Скопје на 26 и 27 октомври, минатата година.

Променливо облачно, попладне локални врнежи од дожд

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи. 

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 25 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре и в четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер од над 70 километри начас, локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 литри на квадратен метар за краток период.

притисни ентер