Најмалку 11 лица убиени во ноќен клуб во Бразил

Најмалку 11 лица се убиени ноќеска по локално време во ноќен клуб во градот Белем на северот на Бразил.

Напаѓачите упаднале во ноќниот клуб и пукале по гостите , по што избегале , а полицијата се уште трага по нив. Полицијата ги испитува мотивите за нападот. Еден од мажите , повреден во пукотниците, е приведен.

Меѓу убиените се шест жени и петмина мажи. Убиствата ги извршиле седуммина вооружени мажи , кои во ноќниот клуб пристигнале на мотори и со три автомобили , а по пукањето избегале.

Убиствата се случиле во еден од квартовите во градот Белем , каде во март сојузни агенти дојдоа како засилување на полицијата , поради честите убиства.

Заев: Нема предвремени избори, одиме на реконструкција на Владата

Реконструкција на Владата, а не одлука за предвремени парламентарни избори, продолжување на политиката на евроатлантската интеграција е заклучокот од седницата на Централниот одбор на СДСМ што вечерва се одржува во Охрид..

Избран е и нов извршен одбор на партијата, а потпретседатели ќе се бираат во следниот период.. Премиерот Заев по седницата најави дека до крајот на неделава ќе се знаат промените во Владата, но и на повеќе директори на јавни институции..

Јулијана Николовска е во Охрид..

Во судир на два авиони загинаа двајцата пилоти

Во судир на два мали авиони во воздухот при приоѓањето на регионалниот аеродром на Нов Зеленд загинале двајцата пилоти, соопшти полицијата.

Четворица падобранци кои биле во еден од двата авиона скокнале непосредно пред судирот со другиот авион кој се користел за обука.,

Хеликоптер пак кој се подготвувал за слетување за среќа успеал да го избегне судирот.

Полицијата соопшти дека двата авиона по судирот се урнале во реонот јужно од аеродомот Худ во близина на градот Мастертон.

Мицкоски: СДСМ паѓа, ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот победува

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прославата на 29-тиот роденден на партијата вечерва порача дека ВМРО е чест, идеологија и вредност

Тој истакна дека две работи се сигурни, дека СДСМ паѓа, а ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот победува.. Заев е на колена и во сопствената кал, а ВМРО-ДПМНЕ по изборите кога и да се случат ќе формира влада со која Македонија ќе оди вистински напред., рече Мицкоски во обраќањето во салата на филхармонија.

притисни ентер