Аферата „Богоевски“ го спасува мандатот на Груевски?

Пет дена откако Богоевски се пријави во полиција и ја потврди автентичноста на аудио снимката, тврдејќи дека всушност нарачувал масло од канабис, а не кокаин, се уште нема правна разрешница на случајот.

Надлежните си ја префрлаат топката, од скопското обвинителство тврдат дека се уште го чекаат известувањето од МВР. Оттаму пак не прецизираат кога наводите кои пратеникот ги изнел во полиција ќе бидат доставени и до надлежниот обвинител,за да може да постапува по истите.

Богоевски кој е на чело на комисијата која деновиве треба да одлучува за мандатот на екс премиерот Груевски, и денеска не сакаше да дава изјава. Иако формалното објаснување од страна на пратеникот за нејзиното одложување е давањето приоритет на комисиите што ги работат реформите во безбедноста, поради нивната важност, во јавноста се погласно се шпекулира дека причината е токму скандалот со нелегалната нарачка на наркотици.

Експертската јавноста очекува правна и морална одговорност за случајот, кој, според аналитичарот Петар Арсовски може да ги доведе во прашање дури и евентуалните одлуки кои би произлегле од мандатно-имунитетната комисија, доколку со неа претседава Богоевски.

Во меѓувреме, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од барањето Богоевски да си поднесе оставка.

Откако вчера симболично пред Собранието оставија килограм брашно за пратеникот, денеска подмладокот на партијата му остави прашок за перење, порачувајќи му на пратеникот Богоевски дека не може да ја испере совеста.

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами

Русинот Андреј Медведев и Италијанецот Јаник Синер ја сочинуваат првата полуфинална двојка на тенискиот Мастерс во Мајами, САД.

Ова е епилогот по првите два четвртфинални меча на кои Медведев го совлада чешкиот тенисер Николас Јари со 2:0, додека Синер беше поуспешен од Томас Махач (Чешка) исто така со 2:0.

Другите двајца полуфиналисти ќе бидат познати по денешните мечеви:

Александар Зверев (Германија) – Фабијан Марожан (Унгарија)

Карлос Алкараз (Шпанија) – Григор Димитров (Бугарија).

Франција ќе тужи ученичка поради лажно обвинение дека била удрена од директорот поради хиџаб

 Францускиот премиер Габриел Атал денеска најави дека државата ќе тужи ученичка поради лажното обвинение дека директорот на училиштето ја удрил за време на расправија откако таа одбила да го тргне хиџабот.

Според францускиот закон, не е дозволено носење хиџаб и никаб во јавните установи, што директорот им го посочил на трите ученички, од кои две потоа ги тргнале шамиите.

Третата не ја тргнала шамијата и имало расправија, но полицијата не нашла докази дека директорот физички ја нападнал ученичката, а Атал сега тврди дека ќе биде изведена на суд.

„Државата секогаш ќе стои покрај овие службеници, оние кои се на линијата на фронтот соочени со овие прекршувања на секуларизмот, овие обиди на исламистите да влезат во нашите образовни институции“, рече тој.

Во деновите што следеле, директорот бил цел на смртни закани на социјалните мрежи, што училиштето го пријавило до Министерството за внатрешни работи, пренесува Би-би-си.

Обвинителите соопштија дека две лица се приведени во врска со смртните закани, а нивниот идентитет не е објавен, но Министерството за образование соопшти дека тие не се поврзани со училиштето.

Поради смртни закани и загрозена безбедност, директорот поднесе оставка по 45-годишна кариера во образованието.

Награда и признание за Азески од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Во знак на признание и благодарност за неговиот значаен придонес и соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески доби благодарница и награда од страна на Универзитетот.

Оваа почесна награда му беше врачена од ректорот проф. д-р Дејан Мираковски по повод 27 март-патронат на УГД за 2024 година. Наградата е знак за благодарност за неговиот важен придонес во областа на економијата и неговата активна соработка со образовната институција, како и напорите на Азески за поврзување на образованието и науката со бизнис секторот.

17 години од основањето Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го одбележа со свечена академија како централен настан. Традиционално, внимание на овој настан им беше посветен на студентите со најдобар успех, како и на институциите со кои УГД има одлична соработка и заеднички придонесуваат за развојот на нашето општество.

Во фокусот на годинашното одбележување на патрониот празник на УГД беше прашањето – Што треба да значи еден универзитет за општеството во кое делува?

УГД е универзитет кој во своето 17-годишно постоење се стреми кон воведување и развој на нови технологии, учество во научноистражувачките текови на светско ниво, креирање иновации, пренос на знаење на студентите и грижа за вработените.

Стопанска комора на Македонија

притисни ентер