Кој тип на урбана девојка си ти?

Bioten Detox линија за нега на лице создадена за урбани девојки

Новата линија за нега на лице на bioten DETOX ексклузивно направена за урбани девојки. Девојки кои го сакаат интензивниот ритам на градот и веруваaт дека дури и сообраќајниот метеж и толпата луѓе ја сочинуваат неговата енергија. Не дозволувај љубовта кон градот да остави белег врз твојата кожа. Сега тоа е лесно бидејќи ја имаш новата DETOX линија на bioten, создадена токму за овој град, исто како и ти!

Заштити го изгледот на кожата од загадувањето, сончевите зраци и напнатоста, благодарение на природната формула збогатена со иновативниот наградуван комплекс POLLU-BLOCK кожата добива уникатна хидратација и беспрекорен сјај.

Дознај кој тип на урбана девојка си ти (Романтична, подготвена за забава, кралица на градот или девојка од соседството)? Одговори на прашањата од квизот, забавувај се и добиј вредни подароци. 20 среќни добитнички по случаен избор ќе уживаат во новата bioten DETOX линија на производи.

https://citygirl.biotencosmetics.com/mk/

Фото: Ова дете е вистински бурек мајстор

Ова десетгодишно дете е вистински мајстор за бурек, тој умее да го врти тестот над својата глава без да направи ниту една дупка.

Новак Стевановиќ ја демонстрираше својата вештина за правење бурек пред посетителите на манифестацијата „Денови на бурекот“  во Ниш,тој во живо докажа дека е најмладиот бурекчија  во Србија.

Малиот Новак за петнаесетина минути успеал да направи четири пити бурек а во меѓувреме изведувал и „акробации“ со тестото.

Видео: Карлеуша за својот роденден доби„Версаче“ торта

Поп ѕвездата го прослави својот роденден на гламурозен начин.

Јелена била цело време расположена а за атмосферата на роденденот се погрижија и другите гости. На прославата на нејзиниот роденден беа присутни нејзините деца, сопругот Душко, тетката Даниела и други роднини и пријатели на пеачката.

Изненадувањето на вечерта беше нејзината роденденска торта, Јелена кога ја видела тортата буквално и застанал здивот.

Тортата била на 5 ката и целата била во знак на светскиот моден бренд „Версаче“.

Скопје може да очекува двојно повеќе жешки денови до 2065 година

На повидок ли се неиздржливо топли лета како последица од глобалното затоплување?

Група на климатски научници и аналитичари во својата анализа „Climate Impact Lab“ алармираат на екстремно високите температури кои му се закануваат на човештвото во следните децении и дека ефектите од климатските промени веќе станува реалност.

Скопје до 2065 година може да очекува просек од 35 жешки денови. Интерактивната мапа која ја објави „Њујорк Тајм“ покажува дека до крајот на столетието во главниот град годишно ќе бидат регистрирани и до 65 топли денови со температура над 32 Целзиусови степени, што е загрижувачки податок доколку се земат предвид просечните температури години наназад.

На графиконот може да се види дека во 1960 година Скопје во просек имал 7 топли денови. Во средината на деведесеттите оваа бројка се искачила на 11, а од 2010-та година наваму просекот ќе расте постојано и драстично. За 45 години од сега, проценките се просекот на топли денови ќе се качи за три пати повеќе од моменталниот кој изнесува 16 топли денови во една календарска година.

Забрзувањето на ефектите од климатските промени целиот свет ги чувствува веќе летово, особено поради фактот што податоците на Програмата за климатски промени на ЕУ го прогласи минатиот месец за најтопол досега. Во јули глобалната температура била за 0,56 степени повисока од претходно поставениот рекорд во јули 2016.

Најтоплото лето досега во земјава било регистрирано во 2007-та а биле измерени рекордни 45,7 степени.

Аналитичките проекции се засноваат под претпоставка дека државите ќе ја намалат емисијата на штетни гасови согласно Договорот за клима од Париз.

притисни ентер