Наводно ја бркала мечка, која подоцна била пронајдена во близина на нејзиното тело со крвава уста, пренесува Блиск.
Словачката планинска спасувачка служба соопштила дека телото на девојката било извлечено од шума во Ниските Татри во петокот навечер.
Во меѓувреме, полицијата потврдила уште еден напад на мечка во неделата во Словачка, во кој биле повредени две лица.
Првата застрашувачка вест за смртта на Татјана (31) звучела неверојатно - во шумата над Демановска долина мечка ја распарчила девојката. Меѓутоа, набрзо било откриено дека жената починала откако паднала од стрмна карпа, откако таа и мажот со кој била, биле бркани од мечката.
Татјана и нејзиниот пријател Константин (29) се од Белорусија, но долго време живееле во Полска, додека мажот работел како инструктор за скијање во Ниските Татри, пишуваат медиумите во Словачка.
На крајот на сезоната, тој наводно сакал да ѝ ја покаже на Татјана убавината на планините каде што работел во текот на зимата.
„Му дадовме неколку совети. Зошто ја одбра токму оваа маршрута, не знам. Можеби затоа што живееше во Лазиски и патеката почнува токму таму“, вели еден од колегите.
Што точно се случило засега не е познато, но медиумите јавуваат дека двајцата налетале на мечка. Од страв тие наводно почнале да паничат и трчале во различни правци, додека мечката ја бркала Татјана.
Теренот во околината не само што е карпест, туку и екстремно стрмен, додека влажната трева веројатно била исклучително лизгава. Ако девојката навистина се лизнала на стрмната падина, немала шанса да застане. Областа е затворена за туристичката јавност до 15 јуни.
Спасувачите ја пронашле Татјана мртва, но мечката се уште била блиску до нив.
Заменик началникот се сретнал со мечката очи во очи.
"Имав куче трагач со мене. Кога ја откривме младата жена, покрај неа стоеше мечка. Воопшто не покажуваше знаци на срамежливост", рекол тој. Само предупредувачки истрел ја избркал мечката.
Наводно била во близина на жената со крвава вилица, објавија медиумите.
Предаторот наводно е веќе познат. Веќе на крајот на летото талкал по теренот за голф во Тале, а екипата на итната помош се обидела да ја заспие.
Еден од спасувачите во петокот го препознал знакот за идентификација на увото на мечката. Забележал и крв што тече низ устата на мечката. Затоа, заштитниците на природата веруваат дека се работи за таканаречен предаторски напад. Мечката очигледно ја влечела веќе мртвата девојка по земја.
Да потсетиме, во неделата имало нов напад, а две лица завршиле во болница откако биле нападнати од мечка во градот Липтовски Микулас во Словачка, соопштија од итната помош.
Властите соопштија дека 49-годишна жена се здобила со повреда на рамото, а 72-годишен маж се лекува поради расекотина на главата. Локалните медиуми јавуваат дека полицијата ја избркала мечката надвор од градот во шумата.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како мечка трча по улица.