Надал ја освои 34-та Мастерс титула

Надал во финалето го победи Ѓоковиќ.

Рафаел Надал успеа да ја одбрани титулата. Во финалето Надал го победи Новак 1:2 (0:6, 6:4, 1:6)

За Шпанецот денешниот трофеј е негов јубилеен десетти од Мастерсот во Рим, а прв во оваа сезона и сигурно е добра најава пред претстојниот Ролан Гарос.

Фудбалер исфрлен од репрезентација зашто злоставувал девојки

Репрезентативецот на Египет и играч на грчки ПАОК , 25- годишниот Амр Варда е исфрлен од репрезентацијата.

Варда е исфрлен од кампот на Африканскиот куп на нациите , откако две девојки на интернет објавија негови разголени фотографии со објаснување. Како што тврдат девојките , Варда и уште двајца неименувани репрезентативци на Египет , ја викале во нивната хотелска соба , но таа ги одбила. Потоа почнале проблемите.

,,Ги одбив а тие потоа станаа многу агресивни. Варда се однесуваше одвратно.” напишала едната од девојките. Другата девојка открила дека фудбалерот ја злоставувал.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

No tengo 4 babys, tengo 23🤪

A post shared by 🧞♀️ (@gioval22) on

,,Тој не енормален , тој е сексуален предатор . Најлошата работа што сум ја направила е што се дотерував за Амр Варда. Со месеци ми се закануваше. Морав дас е преправам дека ми се допаѓа зашто во спротивно се лутеше и стануваше насилен.”

Австралиски тенисер се навредуваше себеси и ги скрши сите пет рекети (ФОТО)

Австралискиот тенисер со јапонско потекло, Акира Сантилан се бореше за влез на главното извлекување на учесниците на Вимблдон во Рохемптон.

Во второто коло на квалификациите тој загуби од Белгијанецот Рубен Бемелманс , со тоа што третиот сет заврши со 12: 10 и тоа многу го погоди Акира.

Откако самиот гласно се навредуваше при напуштањето на теренот , отиде на блиската ливада, полека ја спушти торбата со рекетите и еден по еден сите брутално ги искрши.

Акира има 22 години и едно од попознатите имиња на Челинџер , па сепак не успеа да се пласира.

Јувентус го враќа легендарниот Буфон од ПСЖ

Голманот на францускиот шампион, богатиот ПСЖ, Џанлуиџи Буфон може да се врати во Јувентус, објави „Газета Дело Спорт“.

 Италијанскиот гигант е подготвен да плати за ангажман на 41-годишниот легендарен голман четири милиони евра за потпишување на едногодишен договор.

За потсетување, договорот на Буфон со парискиот клуб истекува на 30 јуни.

Агентот на голманот, Силвано Мартин забележа дека враќањето на легендарниот голман во Јувентус е само идеја.

– Засега, тоа е само идеја – вели Мартин.Јувентус планира по завршување на кариерата, Буфон да остане во клубот и да работи како тренер на голманите.

притисни ентер