Курц најави предвремени избори во Австрија

Австрискиот канцелар Себастијан Курц синоќа најави распишување на предвремени избори, му предложив на претседателот да распише вонредни избори што поскоро, рече Курц на прес конференција.

 Одлуката за вонредни избори следува по скандалот со видеоснимката со вицеканцеларот Ханјц Штрахе, кој предизвика политички земјотрес во владата и изнуди оставка на вицеканцеларот.

На скандалозното видео снимено за време на кампањата на изборите во 2017 година,  се гледа како Штрахе за бизнис услуга бара финансиски надомест од девојка која се претставува како внука на руски олигарх. Тој се правдаше дека бил пијан.

Почнува издавањето на новите таблички со ознаката „NMK“

Од понеделник се очекува да започне издавањето на новите регистарски таблички за возилата со ознаката „NMK“.

Замената на старите регистарски таблички со новите ќе се врши постепено при регистрација на возилата.

Обврската за замена на табличките на кои е досегашната ознака МК со новата NMK произлегува од Договорот од Преспа со кој се реши спорот за името со Грција.

Од стапувањето во сила на Преспанскиот договор, досега се даваа бесплатни налепници со ознаката NMK на граничните премини при влез или излез на возилата од Република Северна Македонија. 

Истрага и притвор за лице осомничено за убиство на жена во Шуто Оризари

Во текот на вчерашниот ден, по вербална расправија и физичка пресметка на двајца братучеди во населбата Шуто Оризари, осомничениот со нож влегол во куќата на оштетните, со цел да го лиши од живот својот братучед.

Скопје, 15 јуни 2019 (МИА) –   Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице заради постоење на основано сомневање дека сторил едно кривично дело убиство од член 123 став 1 и едно кривично дело убиство во обид, предвидено и казниво по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Удирајќи го со нож во пределот на градите и абдоменот му нанел две убодни рани. Со намера да ги раздвои, меѓу двајцата братучеди застанала сопругата на оштетениот при што осомничениот замавнал со ножот и и задал удар во пределот на срцето од кој удар кај оштетената настапила смрт.

-Имајќи ги предвид видот и тежината на кривичните дела што се ставаат на товар на осомничениот, како и тешките последици од настанот во кој без никаква вина во својот дом, мајка на малолетни деца го изгуби својот живот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, се наведува во соопштението на обвинителството. /МИА

Турската амбасадорка најави дека Ердоган ќе присуствува на свеченоста по повод реконструкцијата на Алипашината џамија во Охрид

Турската амбасадорка Тулин Еркал Кара денеска ја посети Алипашината џамија во Охрид, притоа најавувајќи дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ќе допатува на свеченоста по повод промовирањето на реконструираниот објект.

Таа уште истакна дека се работи на усогласување на терминот со македонските власти за присуство на свеченото отворање на обновената џамија.

Алипашината џамија беше реконструирана и реновирана согласно одлука на Управата за заштита на културно-историското наследство, со финансиска поддршка на Република Турција.

– На претседателот Ердоган му беше сон реставрирањето на објектот. Република Туриција и Република Северна Македонија се братски држави. Турција преку агенцијата Тика и вакавското здружение има реновирано повеќе обејкти во Северна Македонија. Нашето пријателство е засекогаш и долгорочно, рече меѓу другото амбасадорот Кара.

Таа уште нагласи оти не гледа ништо спорно во реконтрукцијата, односно оти било испочитувано се што било договорено помеѓу двете држави во врска со реконструкцијата на верскиот објект. /МИА

притисни ентер