Видео – фото: Настап од два милиони долари!!!

Кралицата на светскиот поп Мадона конечно  ги израдува фановите и обожавателите на Евросонг.

Светската музичка ѕвезда имаше свое деветминутно шоу на сцената во Тел Авив.

На евровизиската грандиозна бина Мадона изведе две песни, хитот  „ Like a prayer", кој годинава го слави 30 роденден и новата песна „ Future" на која гостуваше и раперот Куаво од бендот Мигос.

Настапот на Мадона неочекувано го одбележа и проблемот со тонот, поради што кралицата на попот повремено „фалшираше“.

Сепак овој проблем не и пречеше да го изведе планираниот перформанс и со тоа да си направи голем проблем.Танчерите која на почетокот на настапот и ја соблекоа долгата наметка подоцна за време на настапот ги развија знамињата на Израел и Палестина за што претходно немале добиено одобррение од организаторите.

Мадона на сцената мина околу 9 минути за кои наводно добие околу два милиона долари.

Нема промена на врвот : Скарлет Јохансон и годинава е најплатена актерка

На листата на Форбс за најплатени актерки втора година по ред е убавата блондинка , Скарлет Јохансон.

34- годишната актерка , најпозната по улогата во филмот со најголема заработувачка во историјата ,,Одмназници-Завршница” , заработила 56 милиони долари од јули 2018 до јули годинава.

Ѕвездата на серијата ,,Современо семејство” ; Софија Вергара е на второ место со заработени 44,1 милиони долари , додека Рис Витерспун , продуцентка и актерка во серијата ,,Големи,мали лаги” e трета со заработувачка од 35 милиони.

Елизабет Мос , која глуми во серијата ,,Приказната на слугинката” и австралиската актерка Маргот Роби за прв пат се најдоа на оваа листа , при што првата заработила 24 , а втората 23,5 милиони долари.

Никол Кидман , Џенифер Анистон , Кејли Кјуко, Шарлиз Терон и Елен Помпео се меѓу десетте најплатени актерки бна листата на Форбс за годинава.

Руското летало со хуманоиден робот не успеа да слета на Меѓународната вселенска станица (ВИДЕО)

Руското летало ,,Сојуз” со хуманоиден робот не успеа да слета на Меѓународната вселенска станица .

Роботот Федор требаше да помине две недели за да се приклучи кон екипажот и да ги тестира своите способности. Сојуз требаше да слета на ИСС во 7.30 часот , но не успеа поради проблеми во системот за автоматско слетување, соопштува руската агенција Интерфакс , повикувајќи се на телевизијата на НАСА.

Леталото во моментов е оддалечено 96 метри од станицата , а новиот обид за слетување се планира за понеделник наутро.

Роботот федор е со големина на човек , висок 180 см. и тежок 160 кг. и може да имитира човечки движења.

Опел го претстави првиот електричен автомобил за рели трки (ВИДЕО)

Опел ја претстави рели верзијата на новиот електричен хечбек Корса-е и така стана прва компанија во историјата што понуди електричен автомобил за рели трки.

Корса е-Рели ќе биде достапна преку Опел Мороспорт , а ќе ги задржи батериите и моторот на стандардната електрична Корса , кој испорачува сила од 134 КС и има 260Нм момент на обрт.

Моделот има каросерија прилагодена на рели спецификациите , а автомобилот е повисок и поширок од обичната електрична Корса.

Корса е- рели ќе се натпреварува на ADAC Opel e-Rally Cup, каде ќе се натпреваруваат 15 млади натпреварувачи.

Премиерата е закажана за септември на Саемот за автомобили во Франкфурт. Цената ќе изнесува помалку од 50 000 евра.

притисни ентер