АЕК достави предлог и динамика за намалување на цените во роаминг со Грција

 Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) до грчките колеги достави предлог и динамика за најавеното намалување на цените во роаминг  што, според меморандумот што го потпишаа двете држави, треба да стартува од летната сезона.

 Првата година по влегување во сила на меморандумот, според предлогот, цените за пренос на податоци во малопродажба би се намалиле за 93 проценти, на појдовни повици во малопродажба за 77 проценти, а кај СМС за 69 проценти.

Од АЕК за МИА изјавија дека од наша страна сме подготвени првичното поевтинување на услугите да почне од 1 јули годинава. Чекаат известување од грчкиот регулатор за електронски комуникации кога од нивна страна ќе бидат завршени националните процедури и ќе се исполнат предусловите за да може да се реализира најавата од потпишувањето на меморандумот на 19 февруари годинава од ресорните министри Никос Папас и Дамјан Манчевски.

Според предлогот на АЕК,  првата година по влегување во сила на меморандумот  цените за пренос на податоци во малопродажба би се намалиле за 93 проценти.  Конкретно, од 1 јули малопродажната цена за MB ќе изнесува 0,70 евра, една година подоцна 0,45 евра, а од јули 2021 година  0,20 евра. Процентуалното намалување на цената за појдовни повици во малопродажба, пак, во првата година би било 77 проценти. Појдовен повик од 1 јули треба да чини 0, 29 евра, во јули следната година  да се намали на 0, 24 евра, а во јули 2021 година 0,19 евра.  Цената на испратени СМС пораки од јули годинава би чинела 0,09 евра, а 0,08 евра, односно 0,06 евра од 2020 односно 2021 година, а за добиените пораки ќе бидат бесплатни. Кај пораките по првата година цените би се намалиле за 69 проценти. 

Формирано координативно тело, се чека да завршат процедурите од грчката страна

Со Меморандумот се предвидува за негова примена да бидат одговорни националните регулаторни тела од двете држави (Агенцијата за електронски комуникации и Hellenic Telecommunications and Post Commission), а намалувањето на цените на роаминг услугите да биде со динамика и до ниво исто како цените на роаминг услугите дефинирани во Регулативата за роаминг услуги на европско ниво бр. 531/2012.

– Двете регулаторни тела веќе воспоставија комуникација и го формираа координативното тело од двете институции кое што ќе работи на реализација и имплементација на одредбите од Меморандумот.

Земајќи ги во предвид сите околности Агенцијата ги извести колегите од регулаторот за

електронски комуникации во Грција дека од наша страна можеме да започнеме со првично

намалување на цените на роаминг услугите започнувајќи од  јули 2019 година. Притоа Агенцијата ги зема во предвид минималните рокови пропишани со Законот за електронски комуникации за јавна расправа од 30 дена на Одлуката која што треба да ја донесе Агенцијата за намалување на цените на роаминг услугите, како и времето неопходно за да се направат измени на Законот за електронски комуникации со цел да се даде надлежност на Агенцијата да донесе ваква Одлука, велат од АЕК.

На нивниот предлог и динамика за примена на меморандумот, колегите од регулаторот во Грција ги известиле дека меморандумот се уште не е влезен во сила и оти се уште од нивна страна не се завршени сите национални процедури за да може да стартува примената. Им најавиле дека ќе ги известат најбрзо што може откако ќе се создадат неопходните предуслови.

– Согласно член 10 од Меморандумот, тој ќе влезе во сила откако двете страни по дипломатски канали ќе известат помеѓу себе дека се завршени сите национални процедури за Меморандумот да може да влезе во сила. Имајќи во предвид дека наметнувањето на обврските на операторите за намалување на малопродажните и големопродажните цени за роаминг услуги во двете земји мора да бидат засновани на реципрочна основа и истите треба да бидат временски синхронизирани, понатамошните активности на Агенцијата ќе бидат усогласени со динамиката на создавањето на неопходните услови за имплементација на Меморандумот во Грција, појаснуваат од АЕК за МИА.

Роамингот во регионот од јули  ќе поевтини за 50 до 70 проценти

Согласно со Спогодбата  за укинување на роамингот во западен Балкан, потпишана помеѓу државава, Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово, од 1 јули годинава до јуни 2021 кога цените за роаминг услугите ќе исчезнат, се воведува преоден или транзитен период во кој операторите за роаминг услугите ќе може да наплаќаат само одреден дополнителен надомест на националните електронски комуникациски малопродажни цени.

Тој дополнителен надомест не може да биде поголем од околу три денари (0,05 евра) за роаминг појдовни повици. Додека пак малопродажната цена за влезните роаминг повици ќе биде околу 2,5 денари во првата година започнувајќи од 1 јули годинава, односно околу 1,5 денари во втората година започнувајќи од 1 јули 2020 година. Слични намалувања на роаминг услугите се очекува и за СМС пораките, со тоа што излезните СМС пораки нема да бидат поскапи од 3,7 денари, додека влезните СМС пораки ќе бидат бесплатни.

Ваквата спогодба ќе придонесе до намалување на цените за роаминг повици во просек од 50 до 70  проценти уште во првата година од нејзиното имплементирање споредено со сегашните цени на регулираните малопродажни роаминг повици со четирите земји потписнички на Спогодбата за намалување на роаминг услуги од септември 2014 во Будва.

Курц обвинува дека со лажни меилови се обидувале да го поврзат со аферата ,,Ибица”

Австрискиот лидер на конзервативците и досегашен канцелар ,Себастијан Курц, денеска изјави дека со лажни меилови имнакло обид да се поврзе со видео аферата на остеровот Ибица, поради која падна неговата влада.

Вицеканцеларот Ханц- Кристијан Штрахе поднесе оставка минатиот месец , откако германските медиуми ја објавија видео снимнката од островот Ибица , каде тој на лажна внука на руски милијардер и нуди попуст при тендери вредни 250 милиони евра.

Курц денеска изјави дека една австриска медиумска куќа добила копии на електронска пошта , која наводнио си ја разменувал со блискиот соработник Гернот Блумел , што ги поврзува со скандалот. Истрагата на неговата партија и на независна компанија за истраги потврдила дека меиловите се лажни.

,,Ова е обид за клевета. Тоа е обид Народната партија да се вовлече во скандал , конкретно да се вовлече Гернот Блумел и мене.” , обвини Курц на вонредна прес конференција.

Не е познато кој стои зад лажните меилови , рече Курц , кој се надева на победа по вонредните избори на 29 септември.

Драма на летот од Приштина до Базел – Десетина патници завршиле во болница (ВИДЕО)

Вистинска драма се случувала во авионот на компанијата ALK Airlines , кога Боингот 737-700 влетал во силна турбуленција, од која дури се откачиле неколку седишта.

Авионот , регистриран во Бугарија , летал на со 121 патник од Приштина кон базел во Швајцарија. Додека летал над северен Тирол во Австрија , авионот се обидувал да заобиколи воздушна бура и на само 30 минути пред слетувањето , настанала силна турбуленција во авионот.

Од силината на потресите неколку седишта излетале од лежиштата , раскажуваат патниците.

Снимката објавена на Јутјуб најдобро појкажува каква драма преживеале патниците.

По успешното слетување во базел , десет патници биле пренесени во болница , но за среќа имале само полесни повреди.

Во акцијата ,,Тајрон “ запленети 19 тони кокаин

Европол и Колумбија во заедничката акција ,,Тајрон “ запленија рекордни 19 тони кокаин.

Полицијата на Колумбија и европаската полиција Европол ја завршија заедничката акција против нелегалната трговија со дрога и оружје од Јужна Америка кон Европа.

Според соопштението од Европол , во текот на полициската акција ,,Тајрон “ биле спроведени 75 истраги и запленети 19 552 килограми кокаин . Биле уапсени 583 лица , прегледани 36 пловила и на нив запленети 140 пратки на кокаин скриени во тоаварот или во пакети.

Покрај тоа, било влезено во трагата на над 3 000 парчиња огнено оружје , запленети 133 парчиња , како и 14 600 парчиња муниција , делови за оружје , неколку ракетни фрлачи и рачни бомби.

Основната операција ,,Тајрон “ се одвивала од 8. март до 16. јуни .

притисни ентер