Историско осмо место на Тамара со „Proud“ на Евровизија

Историска ноќ за Македонија во Тел Авив.Спектакуларен настап на нашата Тамара Тодевска во финалето на Евросонг 2019!

На фантастичната бина во Тел Авив во Израел, нашата Тамара блесна на сцената и сосема заслужено стигна до историскиот пласман на осма позиција со 295 поени на изборот за песна на Евровизија.

Песната  „Proud“ ја освои публиката од цела Европа, Тамара првиот дел од гласањето на телевизиските жирија го заврши на втората позиција со 237 гласови ,со само два бода помалку од водечката Шведска.

Во гласањето од публиката добивме скромни 58 бода за на крајот да го оствариме најдобриот пласман во историјата на еден Евросонг, рекордното осмо место.

Песната „Горда“ е дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, автори на музиката и аранжманот , а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска. Спотот го режираше Чедо Поповски.

Победник на годинешниот избор за песна на Евровиија е претставикот на Холандија Данкан Лоренс кој и пред годинешниот избор беше главниот фаворит за победа кај обложувалниците..

Спектакуларниот Евросонг со својот настап го надополни специјалната гостинка кралицата на светскиот поп Мадона, која исполни две песни во придружба на хор и раперот Кваво.

Локализиран пожарот од страна на Пинтија

Целосно е локализиран пожарот од страна на Пинтија, останува дел над населбата Усје. 

Противпожарни екипи се на терен и се работи на негово комплетно гаснење, информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Пожарот избувна денеска околу 11:30 часот во шумата над скопската населба Пинтија. Зафатена беше поголема површина мешана шума.

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во гаснењето на пожарот доби помош и од воздух, активирани беа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. Авионите направија два прелети  и фрлија вода кон Сопиште, каде се ширеше пожарот. Пожарникарите уверуваат дека нема опасност за ширење на пожарот кон Сопиште.

Во гаснењето на пожарот во Пинтија се вклучи и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски со претставници од Општината и месното население.

Во моментов активен е само пожарот кај Обиколница Бутел, а изгаснати се пожарите во Долно Блаце и Мојанци./МИА

Во сообраќајна несреќа настрадале мајка и ќерка од Пирот

Наместо да стигнат на одмор во Грција тие настрадале во сообраќајна несреќа.

Во сообраќајната несреќа која се случила во петок изутрина во Бугарија, на магистралниот пат кон Грција се случила сообраќајна несреќа во која настрадале мајка и ќерка, додека таткото кој го управувал возилото со тешки повреди е пренесен во болница.

Како што соопштуваат бугарските медиуми, несреќата се случила откако возилото „Фиат Панда“ со пиротски регистарски таблички од непознати причини нагло свртело на другата страна од коловозната лента и направило директен судир со автобус кој се обраќал на релација Благоевград- Сапарева бања.

Семејството од Пирот на кое му се случи оваа несреќа било тргнато на годишен одмор во Грција.

Тројца мртви во инцидент меѓу навивачи во Хондурас

Тројца се убиени во инцидент меѓу навивачи пред фудбалскиот меч помеѓу Мотахуе и Олимпија на Националниот стадион во Хондурас, пишуваат локалните медиуми.

Тие пренесуваат дека навивачи на Олипија го нападнале автобусот во кој се возеле навивачи од противничкиот тим. Се слушало пукање а полицијата користела солзавец за да го сопре инцидентот. Повредени се уште тројца луѓе од скршено стакло.

притисни ентер