Заев со Вучиќ на отварање на јужниот крак на коридорот 10 кон Македонија

Отворена за сообраќај последната делница на јужниот крак на коридорот 10 низ Грделичка клисура чија градба траеше шест години.

Свеченоста заврши со спектакуларен огномет. „Можете да се гордеете со она што го направивте за вашите деца и нашата иднина“, порача српскиот претседател  Александар Вучиќ.

„Коридорот 10 е вистинска европска вредност на поврзување и на комуникации“, изјави премиерот Заев кој беше на свеченото отворање на автопатот.

Со отворањето на оваа делница,  Србија преку коридорот 10 ќе биде целосно поврзана со 600 километри долг автопат од границата на  Македонија до границата со Унгарија.

Од Белград за Скопје ке се патува за 3,5 до 4 часа.

Запалени стотици куќи во меѓунационалните судири во Индонезија (ВИДЕО)

Во повеќенеделните насилни судири меѓу двете индонезискиз аедници се запалени повеќе куќи , соопшти денеска локалната полиција.

Припадниците на двете спротиставени заедници до сега  запалија најмалку 158 куќи, едно училиште и други јавни згради во регионот Северен Пенајам во провинцијата Источен Калимантан, пренесува Ројтерс.

Конфликтот се случил само една недела откако истите заедници се судриле на блиската плажа, при што еден човек бил прободен со нож, а друг е тешко повреден. По нападот, полицијата го уапси убиецот и тројца други за поседување оружје.

„Една недела подоцна, стотина луѓе дојдоа да ги бараат одговорните за смртта на човекот и потоа ги запалија куќите“, рече полицискиот портпарол Аде Јаја Суријана.

„Објаснивме дека ги уапсивме осомничените, но на крајот се случија пожари“, додаде тој.

Точната причина за почетокот на конфликтот сè уште не е позната.

Во Калимантан, или индонезискиот дел на островот Борнео, две етнички групи се судрија во раните 2000-ти, со повеќе жртви.

Министерот Нуредини на Самит за води во Будимпешта се сретна со шефот на дипломатијата, Сијарто

Делегација на Министерството за животна средина и просторно планирање, предводена од министерот Насер Нуредини учествуваше на Самитот за води, кој од од 15 до 17 октомври се одржуваше во Будимпешта, Унгарија. 

Централна тема на овогодинешниот Самит беше препознавање на преземените чекори, кои не се доволни за спречување на ескалација на кризата за вода, како природен ресурс што има огромно влијание на нашата сегашност и иднина.

Во рамките на престојот во Будимпешта, министерот Нуредини оствари повеќе официјални средби на највисоко ниво. На средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петар Сијарто се разговараше за поддршката на Унгарија за Македонија за добивање датум за предпристапните преговори, како и за континуирана соработка во областа на заштита на животната средина со особен акцент на управување со води, бидејќи Македонија и Унгарија имаат потпишано меморандум за соработка на полето на управување со води помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија и Министерството за рурален развој на Унгарија.

Нуредини се сретна и со постојаниот претставник на Швајцарска Конфедерација во Организација за храна и земјоделие на ОН, Пио Венубст, со кој разговорите беа во насока на значајната поддршка од страна на Швајцарската Конфердерација за заштита на животната средина и управување со водите, како и за проширување на истата. Остварена беше и средба со заменик претседателот на ОН за Води, Олкаи Унвер и регионалниот директор за Југоисточна Европа на Организацијата за храна и земјоделие на ОН, Владимир Рахмањин на која беше презентирана програмската рамка за животна средина и можностите за соработка во овој ресор.

На Самитот за води министерот Нуредини, исто така го посети и Саемот каде што оствари бројни контакти со компании за иновативни еко технологии, се наведува во соопштението од Министерството.

Хаос во Барселона : Протестираат и приврзаниците и противниците на независна Каталонија (ВИДЕО)

Полицијата очекува долга ноќ во Барселона и судири меѓу двете големи групи кои протестираат – приврзаниците и противниците на независноста на Каталонија.

Одборите за одбрана на Републиката (ЦДР), каталонска организација на застапници за независност, кои изминативе два дена насилно протестираа, организираа нов масовен протест во центарот на главниот град Барселона.

Во изминатите два дена тие оставија зад себе неколку запалени автомобили,барикади, а вчеравечер ја гаѓаа каталонската полиција со молотови коктели кога беа запрени на патот кон зградата на полицијата на Каталонија, каде сакаа да протестираат.

Тие бараат ослободување на затворените лидери на Каталонија осудени во понеделникот на затворски казни меѓу 9 и 13 години, поради референдумот за независност прогласена во 2017 година и заминување на шпанската полиција од Каталонија.

Од понеделникот, околу 250 луѓе се повредени во судирите со полицијата. Шпанскиот министер за внатрешни работи денеска објави дека 194 полицајци биле повредени во последните три дена. Приведени се 94 лица.

Попладнево, пак, групите за интегритет на Шпанија во другиот дел од градот излегоа на улиците во немири кои се одвиваа од понеделник.

 „На нив, кон нив“ и „Јас сум Шпанец, Шпанец“, викаат тие, носејќи шпански знамиња, додека полицијата мораше да ги смири со палки, а беа запалени и димни бомби. Припадниците на специјалната полиција се обидува да го спречи контактот на двете спротивставени групи демонстранти.


притисни ентер