Курц под меѓународен притисок поради аферата на вицепремиерот!!

Австрискиот канцелар Себастијан Курц е изложен на голем меѓународен притисок да ја прекине коалицијата со Слободарската партија  по аферата околу скандалозното видео.

Канцеларот Курц требало да и се обрати на јавноста со одлука за иднина на владата , но терминот на конференцијата е одложен.

Медиумите пренесуваат дека австрискиот канцелар имал бројни телефонски разговори,м не само со домашни политичари туку и со колеги од странство.

Се наведува дека разговарал и со шефицата на германската ЦДУ Анегрет Крамп Каренбауер која го советувала да ја раскине коалицијата.

Слични пораки добил и од другите германски партии.

Аферата видео снимка во која може да се види како вицеканцеларот Штрахе на една млада девојка која се претставува како внука на руски милијардер и нуди државна работа за возврат на финансиска поддршка на неговата Слободарска партија пред изборите во 2017 година.

Заев: Нема предвремени избори, одиме на реконструкција на Владата

Реконструкција на Владата, а не одлука за предвремени парламентарни избори, продолжување на политиката на евроатлантската интеграција е заклучокот од седницата на Централниот одбор на СДСМ што вечерва се одржува во Охрид..

Избран е и нов извршен одбор на партијата, а потпретседатели ќе се бираат во следниот период.. Премиерот Заев по седницата најави дека до крајот на неделава ќе се знаат промените во Владата, но и на повеќе директори на јавни институции..

Јулијана Николовска е во Охрид..

Во судир на два авиони загинаа двајцата пилоти

Во судир на два мали авиони во воздухот при приоѓањето на регионалниот аеродром на Нов Зеленд загинале двајцата пилоти, соопшти полицијата.

Четворица падобранци кои биле во еден од двата авиона скокнале непосредно пред судирот со другиот авион кој се користел за обука.,

Хеликоптер пак кој се подготвувал за слетување за среќа успеал да го избегне судирот.

Полицијата соопшти дека двата авиона по судирот се урнале во реонот јужно од аеродомот Худ во близина на градот Мастертон.

Мицкоски: СДСМ паѓа, ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот победува

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прославата на 29-тиот роденден на партијата вечерва порача дека ВМРО е чест, идеологија и вредност

Тој истакна дека две работи се сигурни, дека СДСМ паѓа, а ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот победува.. Заев е на колена и во сопствената кал, а ВМРО-ДПМНЕ по изборите кога и да се случат ќе формира влада со која Македонија ќе оди вистински напред., рече Мицкоски во обраќањето во салата на филхармонија.

притисни ентер