Видео- фото: Мекларен ГТ

„ГТ“ е првиот  „ grand turer", на Мекларен, тоа е воедно и најголемиот модел на познатиот британски производител на автомобили.

По Саемот во Женева каде ја најави промоцијата, Мекларен сега го претстави потполно новиот модел со едноставно име ГТ.

Мекларен ГТ е двосед наменет за уживање и на долгите патувања. Овој модел има голем багажник од дури 570 литри, 420 л. Во задниот дел и 150 л во предниот дел .

Производителот наведува дека сопствениците на Мекларен ГТ ќе можат да спакуваат по два пара скии или торба за голф.

Новиот луксузен автомобил има 4,0 твин турбо В8 мотор кој развива 620 коњски сили. До брзина од 100 километри стигнува за само 3,2 секунди, а до 200 км на час за точно девет секунди.

Најголемата брзина изнесува 326 км на час.

Производителот посебно ги истакнува тркачките перформанси,  должината на автомобилот од  4,7 метри и модерниот ентериер.

Новиот модел има досега најголеми тркала во историјата на брендот. Напред се со дијаметар од 20 инчи, а позади од 21 инч.

Првите примероци од Мекларен ГТ моделот треба да се појават на крајот од годинава и ќе се продаваат по цена од 185 000 евра.

Фото: Сенида ги покажа облините во костим за капење

Лето е, сите се разголуваат па и Сенида постави фотографии во костим за капење на својот „Инстаграм“ профил.

Таа преферира едноставни костими за капење и не е толку нападна во покажувањето на нејзиното тело.  

Видео: Куче скокна во река за да го спаси своето другарче

Кога ќе се земе во предвид дека водата не е длабока и дека чамецот е блиску до брегот, ова видео и не е толку драматично.

Но кога ќе го видете уплашеното мало кученце како цимоли, сигурно ќе ви падне жал за него. Такво чувство имаше и големото куче и затоа направи ваков храбар потег.

„RIMAC“ на турнеја низ америка

„RIMAC“ и неговите електрични болиди, веќе некое време се низ Америка, каде учествуваат  на бројни автомобилски случувања.

Љубителите на автомобили низ Америка ќе можат да ги видат и да се восхитуваат на новите модели од компанијата „RIMAC“.

притисни ентер