Видео: Оставка на австрискиот вицепремиер поради скандалозно видео

Австрискиот вицеканцелар и лидер на Слободарската партија Хајнс Штрахе  денеска поднесе оставка поради скандалозно видео кое се појави во јавноста , во кое тој нуди државна работа за да добие финансика поддршка. 

Штрахе според медиумите утре ќе поднесе оставка и од претседателското место во партијата која е главен коалиционен партнер на владејачката партија на канцеларот Себатсијан Курц.

Медиумите наведуваат дека австрискиот канцера и лидер на Народната партија на Австрија Себастијан Курц одбил во иднина да соработува со вицеканцеларот Штархе.

Вицеканцеларот во заминување денеска имал средба со канцерот Курц на која разговарале за скандалозното видео , во кое тој заедно со потпретседателот на Слободарската партија Јохан Гуденус на наводна внука на руски милијардер и нудат државна работа во замена за финансиска поддршка на нивната партија.

 Скандалозното видео е направено во летото во  2017 година во екот на предизборната кампања за австрискиот парламент а во јавноста го објавија германскиот магазин „Шпигл“ и дневниот весник „Зидојче цајтунг“.

Одбраната бара запирање на постапката за „Таргет – Тврдина"

Случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет Тврдина" се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ.

Запирање на постапката за предметот „Таргет -Тврдина", со образложение дека се води без барање на овластен обвинител и дека присутниот обвинител Артан Ајро не е надлежен за овој предмет, побараа денеска адвокатите на обвинетите во предметот за прислушување и уништување на опремата во МВР.

Адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски на судењето во Кривичниот суд појасни дека законот на СЈО  е во правна сила до 2020 година со што само СЈО може да води постапки за кривични дела кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

-Согласно законот на СЈО само специјалниот јавен обвинител е овластен тужител, рече Шврговски.

Рочиштето треба да продолжи со сведочење на Зоран Верушевски предложен од обвинителството за преметот Таргет-Тврдина  на СЈО, кој што го презема во надлежност и натамошно постапување Јавното обвинителство на Република Македонија.

Случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет Тврдина" се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Ленче Ристевска. Советот на јавни обвинители на 16 септември донесе одлука со која обвинителката Ристевска беше разрешена од СЈО и вратена во матичното ОЈО Скопје.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани. /МИА

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Дамјан Манчевски и Тимчо Муцунски

Почитувани вистинољубци, започнува новата сезона за местото каде сите ќе ја пронајдеме нејзе - само вистината. Најгледаната дебатна емисија за изминатите сезони, на Канал 5 телевизија.

Понеделник, прв ден во новата недела и нов почеток за вистината. Работните групи на партиите го продолжуваат дијалогот за законот за јавно обвинителство, а додека тие чекаат ние, во нашето студио ќе ги примиме потпредседателот на СДСМ , Дамјан Манчевски и меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски  од кои ќе побараме одговори дали Македонија ќе добие обвинителство по европски терк? Кој кого уценува во процесот на преговори и какви се улогите на Филипче и Дончев, но и онаа на Орце Камчев во последните меѓупартиски обвинувања?

Се вжештува ли истрагата за аферата „Рекет“? Ќе се прошири ли и кон одредени политичари? Ќе октрие ли нешто првоосомничениот Бојан Јовановски  или ќе се брани со моlчење? Што ако се покажат погрешни обвинувањата на опозицијата за вмешаност на високи државни функционери во оваа мега афера? Ќе одговара ли некој за ширење на дезинформации? Дали владата се обидува да ги цензурира медиумите и да ја ограничи слободата на говорот?

Октомври е месец на одлуката - датум или пропаст? Оној кој лаже, вообичаено си ја чешка косата.

Мразот на „Само вистина“, ќе го скршат Дамјан Манчевски од ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски од СДСМ. Ексклузивно и само на Канал 5 тв во 18.30 - Само Вистина!

Глас за Македонија: Шест принципиелни барања за Изборниот законик

Дел од овие забелешки се дадени и од OBSE/ODIHR, но едноставно не се почитуваат. 

По одржаната конференција на 17.09.2019 партиите:

Глас за Македонија, Единствена Македонија, Левица, МААК, Подем, Работничка земјоделска партија, ТМРО и ФРОДЕМ, од кои некои и сега имаат неколкукратно поголем рејтинг, од полно парламентарни кои се дел од двете големи коалиции, го објавуваат следното заедничко соопштение и испорачуваат шест принципиелни барања во врска со Изборниот законик и условите за "фер и демократски" избори:

1. Бараме изборен модел со една изборна единица, без долен праг и отворени листи. Донтовиот модел може да биде заменет со Сант Лаговиот, кој дава мала предност на средните партии, за разлика од првиот кој исклучиво ги фаворизира големите. На овој начин ќе се овозможи да бидат претставени и повеќето од 100.000 граѓани кои во сегашниве услови, иако гласаат, не добиваат ниту еден свој пратеник. Тоа ќе отвори простор за вистинска парламентарна демократија и ќе ги отстрани непринципиелните предизборни коалиции кои во полно земји се укинати со закон.

2. Бараме сумата од 4.7 милиони евра буџетски пари за финансирање на партиите, непримерена за мала и сиромашна земја, да се преполови. Сегашната легислатива го базира финансирањето во 100% на база на претходните изборни резултати. За какви фер услови тогаш станува збор? Во нова трка, се оди од иста стартна позиција. Самостојните, вон парламентарни партии бараат да, одредени финансии, (за скромно одржување и функционирање), бидат распределувани и за нив. Бараме, наместо како досега 70% /30% (првите според бројот на освоени мандати, а вториот процент за партии кои го минале прагот од 1% на изминатите избори), распределбата да биде следна: 40% за освоените мандати, 30% да остане за оние кои го минале прагот од 1% и 30% за вон парламентарните партии. Сумата од 280.000 евра која годишно им се исплаќа само на големите парламентарни партии за аналитички центри, да се распределува на сите кои имаат такви центри во статутите.

3. Иако во Изборниот законик се зборува за "избалансирано медиумско покривање"сите членови подолу во Законот го демантираат овој став. Бараме сосема еднаков пристап до Јавниот сервис, но и до телевизиите со национална концесија. Вторите обавуваат општествена дејност која подлежи на истите закони за медиуми. Оној срамен однос 40/40/10/10, да биде заменет со 30/30/20/20. Бараме и ограничување на бројот и минутажата на платеното рекламирање. Бараме повеќе дебати, со избалансирано учество на сите партии и вкрстување на аргументите на парламентарните со вон парламентарните партии.

4. Бараме скромни кампањи, без непотребни билборди, свирки и журки со естрадни ѕвезди, пренесување на граѓаните со платени автобуси од град во

град. Бараме да се покаже одговорност кон парите на граѓаните. Кампањите, по примерот на развиените, а богати земји, да се базираат повеќе на дебати каде граѓаните ќе бидат изложени на вкрстени аргументи, а не на гламурозна пропаганда платена од нивниот џеб.

5. За да се избегнат изборните измами, бараме биометриско идентификување на гласачот, перфорирано изборно ливче и бар код читач на ливчињата, со што би се избегнал таканаречениот бугарски воз. Бараме копија од записниците да добие секоја партија, а во кутиите да може да се изврши увид во одреден временски рок по изборите. Исто така бараме, нашите набљудувачи да бидат покриени со буџетски средства, како што се оние од администрацијата и од големите партии. Тие имаат исти трошоци. Бараме и зголемување на казните за извршена и докажана изборна измама, како и исклучување на партијата која мамела, од изборната трка.

6. Бараме нашите иселеници да гласаат електронски.

Дел од овие забелешки се дадени и од OBSE/ODIHR, но едноставно не се почитуваат. Бараме промени во насока на вистинска демократизација на општеството, бараме да не бидеме вечно заробени во двопартизам кој е извор на сиромаштија, корупција и чист клиентелизам.

Глас за Македонија 

притисни ентер