Секој има право на добро пиво – втор „Крафтинг пивски салон" во Скопје

Пиво со бозел, со ѓумбир, со мед и со гоџибери ќе бидат само дел од палетата вкусови во кои ќе може да уживаат посетителите на денешниот втор „Крафтинг пивски салон" што ќе се одржува од 12 до 20 часот на платото пред Куршумли ан во Скопје.

„Секој има право на добро пиво" е мотото на годинашната пивска забава на отворено.

Како што вели за МИА Марјан Костадиновски, еден од организаторите на настанот и еден од првите промотори на занаетчиските пива во земјава, се очекува учество на десетина производители на домашно пиво, четири локални пивари, шест увозници и три фирми за суровини и опрема.

-Застапени ќе бидат најопуларните и најомилените пивски стилови како PALE ALE, IPA, PORTER, STOUT. Ќе има пиво со бозел кое е наречено „Бозејл", пиво со ѓумбир, пиво со мед и пиво со гоџибери што мислам дека ќе привлече најмногу внимание. Сите учесници посебен ентузијазам посветија и на дизајнот на своите етикети. Се работи за вистински визуелни креативни решенија кои се мотивирани од нашето поднебје, најавува Костадиновски.

На „Крафтинг пивскиот салон" од увозните брендови ќе има две чешки пива, „Приматор стаут" – црно и безглутенското „Целиа" – светло и темно.

Со манифестацијата се одбележуваат и пет години од постоењето на веб порталот „сакампиво.мк" чиј автор е Костадиновски. „Сакампиво.мк" од 2015 година ентузијастички ја промовира пивската култура кај нас.

Првиот пивски салон на домашните производители на занаетчиско пиво „Крафтинг Македонија" се одржа на 3 декември 2018 година. „Да правиме пиво наместо војни, и да градиме мостови наместо ѕидови", беше пораката што ја упатија организаторите. 

Никол ги покажа своите облини на јахта во Капри (ФОТО)

Поранешната пејачка на групата Пусикет Долс , Никол Шерзингер (40 ) се одмора на италијанскиот остров Капри.

Некогашната пејачка на познатата група Pussycat Dolls и член на жирито во ,,Фактор Икс” , ужива со друштво на јахта , каде ја уловија папараците. Ја снимија додека се одмора во жолто бикини , кое ја открива нејзината беспрекорна фигура.

Иако се смета за една од најубавите жени на светот , црнокосата Никол вели дека имала долго време проблеми со самодовербата и не бикла воопшто задоволна од својот изглед.

Oсвен што страдала од булимија , таа била опседната со вежбање. ,,Толку ги мразев своите широки кукови , што се будев среде ноќ и одев да вежбам.” , призна Шерзингер пред неколку години. сега зборува поинаку.

,, Сакајте се и прифатете се себеси. И немојте да се одречете од храна , но јадете умерено .Тоа е единствениот исправен рецепт. “ , им порачува Никол на жените кои се борат со сопствената несигурност.  

Која ќе биде првата жена на Месечината ?

Од илјадниците пријавени на повикот на НАСА , само една жена ќе може да се качи на Месечината.

Дванаесет жени се во најтесниот избор и една од нив прва ќе стапне на Месечината до 2024 , до кога САД се обврзаа да испратат екипаж на нашиот сателит , додека НАСА се обврза дека меѓу нив ќе има и една жена. Имаат меѓу 40 и 54 години и се со различни занимања , а се избрани од НАСА меѓу илјадниците кандидатки од целиот свет.  

На почетокот на мисиите на НАСА на Месечината беа регрутирани исклучиво мажи. До сега 12 се прошетале по површината меѓу 1969 и 1972 . Првата жена во вселената во САД беше Сали Рајд во 1983 година. Меѓу избраните 12 жени , четири се издвојуваат според младиста и искуството. Имаат од 40 до 41 година и се со претходно искуство.

Ан МекЛеин до крајот на јуни ќе биде на Меѓунариодната вселенска станица и е воен пилот на хеликоптер. Во тесниот избор се и инженерката Кристина Кох, биологот Џесика Меир и поранешниот пробен пилот на воени ловци Никола Ман, која учествувала и во војните во Ирак и Авганистан.

Во рамкитена мисијата Аполо меѓу 1969 и 1972 , НАСА испрати шест мисии со човечки екипаж на Месечината , а сега најавуваат дека ќе бидат први во 21. век , што ќе ги вратат луѓето на земјиниот сателит.

Ужасна снимка на двајца мажи кои се изживуваат врз маче (ВИДЕО)

Британското здружение за заштита на животните почна истрага за да се дознае идентитетот на двајца мажи , од кои едниот на брутален начин се изживува врз маче и другиот , кој се смее.

Активистите на  RSPCA почнаа истрага во областа Вест Мидландс за да го открие идентитетот на двајцата мажи од кои еднииот се изживува врз маче , а другиот се смее на тоа. Мажот го фрла мачето преку глава , како да е топка , а потоа го удара по главата и го фрла на креветот , на што другиот се смее.

Ова видео беше објавено на социјалните мрежи и предизвика ужас во Британија.

притисни ентер