Интересни детали се објавени во Изводот од родените на британското кралско бебе

Во Изводот на родени на британското кралско бебе Арчи , синиот на принцот Хари и на Меган Маркл , се објавени интересни детали , кои до сега не беа познати во јавноста.

Според документот се дозна каде се родило кралското бебе. Арчи харисон Маунтбатен Виндзор е роден во приватната болница Портланд во Вестминстер.

За потребите на издавање на овој документ , Меган Маркл навела дека целото име и е ,,Рејчел Меган Нејзиното кралско височество војвотката од Сасекс”.

Во изводот Меган напишала и дека нејзината професија е принцеза. И покрај тоа што навела дека е принцеза , таа не може да биде , зашто според протоколот во британското кралско семејство таа влегла преку брак , а не со раѓање. За да стане принцеза , потребно е да има ,,сина крв”.

Се открива и дека Арчи не е роден во новиот дом Фроџмор , како што беше објавено , туку во болница. Тој е роден на 6. мај во 5,26 часот и бил тежок 3,26 килограми.

Освен тоа Изводот потврди дека името Арчи не е скратено од друго име , туку дека така ќе се вика наследникот на принцот Хари.

Изборите ги следат 915 домашни и 544 странски набљудувачи

Денешните избори ги следат 915 домашни и 544 странски набљудувачи. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР која фигурира со над 200 набљудувачи, излезе со првична оценка.

-На крајот од денот ќе го собереме податоците за да направиме проценка како тече процесот. Како што знаете, имаме повеќе од 200 набљудувачи низ целата држава денеска и дополнителни набљудувачи кои се тука од март и ја оценуваат целата кампања- Џилијан Стирк – шефица на наблудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

Прв круг претседателски избори – Македонија избира меѓу седум кандидати

Мирно, без посериозни инциденти и проблеми - Македонија избира претседател.

Веќе осум часа, повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас се дел од првиот круг на седмите претседателски избори, на кои учествуваат седум кандидати. Нашите репортери се на терен и од блиску го следат изборниот процес.

Во Државната изборна комисија е Михаела Димовска.

Седум тинејџери уапсени за нападот врз свештеникот во Сиднеј

Австралискиот антитерористички тим денеска уапси седум тинејџери поврзани со момче обвинето за верски мотивиран терористички напад врз бискуп во Сиднеј, а уште петмина се на распит во полиција.

Полицијата соопшти дека во акцијата била вклучена екипа од повеќе од 400 полицајци и припадници на безбедносните служби, во која биле уапсени соработници на 16-годишното момче обвинето за терористички акт. Момчетo го избоде со нож асирскиот бискуп Мар Мари Емануел за време на црковна служба во живо на 15 април.

Полицијата соопшти дека ги привела тинејџерите бидејќи претставувале „неприфатлив ризик“ за општеството. Според полицијата, тинејџерите верувале во религиозно мотивирана насилна екстремистичка идеологија. /МИА

притисни ентер