Холивудскиот хотел на развратот – сите ѕвезди правеле скандали во него (ВИДЕО)

И додека на странците самиот Холивуд им е поим за забава и разврат , за локалните жители единственото место за тоа е хотелот ,,Шато Мармонт”.

Овој хотел има долга историја на хедонизам , а огромен бројнафери се поврзани со него. така на пример познато е дека уште натали Вуд како малолетна во базенот ги заведувала своите љубовници.

Скарлет Јохансон таму била видена среде секс во лифт со Бенисио дел Торо. Џони Деп , пак се фалел дека со неговата тогашна девојка Кејт Мос ,,ги пробале” сите 63 соби.

Шефот на славното студио , Колумбија Пикчрс ,Хари Кон,  уште во триесетите години на минатиот век таму имал личен апартман за да се забавува со старлетите. Мармонт е всушност замок во француски стил над Сансет булеварот во западен Холивуд.

Сепак и во овој хотел не може да се преминат некои граници. Така , од него биле исфрлени Ворен Бити , Линдзи Лохан и Бритни Спирс . Лохан направила сметка од 46 000 долари , која не можела да ја плати , а Бритни ја размачкала храната што ја нарачала по целото лице.

Комичарот Џон Белуши почина во еден од хотелските бунгалови по петдневна забава.

Хотелот е пуштен во употреба пред точно 90 години , 1929 . По тој повод авторот Шон Леви ја објави книгата ‘Marmont, The Castle On Sunset’ во која раскажува до детали за најлудите забави .

Во хотелот престојувале и правеле скандали сите големи ѕвезди за изминатиот речиси еден век. Од Мерлин Монро и пол Њумен до Монтгомери Клифт и Ентони Перкинс, кој таму можел да им се препушти на момчињата.

Принцезата на Монако , Грејс Кели , во своите актерски денови барала од рецепцијата да и кажат во кои соби има мажи за да ги нападне.

Хотелот и натаму го одржува стилот и во него Бијонсе и Џеј-Зи ја прават традиционалната  афтер Оскаровска забава , која се одржува во гаражата на хотелот.  

Ламборџини не е веќе на врвот на уличните суперболиди (ВИДЕО)

Ламборџини веќе не е сопственик на рекордот на патеката во германскиот Хокенхајм , а титулата му припадна на најлутиот конкурент.

Се разбира , тоа е Ферари. Го победи суперспортскиот болид Aventador SVJ на Ламборџини , и тоа не само на патеката во Хокенхајм , туку и на онаа во Нирнберг.

Ферари во верзијата Писта побрз беше за 1,4 секунди со време од 1:45.9 и со тоа време се приближи до она на тркачките болиди. Верзијата Писта ја движи 3.9 литарски твин турбо V8 мотор со 720 Кс и 770 Нм .

За соборување на рекордот на Ламборџини е заслужен и возачот Кристијан Гебхарт.

Пајак во Австралија улови и изеде опосум (ВИДЕО)

Страшни фотографии објави Џастин латон , кои ги снимил нејзиниот сопруг , а на нив се гледа како огромен пајак лови и јаде опосум , вид мал торбар што личи на стаорец.

Во Националниот парк Маунт Филд на Тасманија сопругот на Џастин Латон снимил неверојатна борба. За научниците станува збор за навистина редок феномен.

Големите пајаци кои живеат во Австралија и на Тасманија знаат да изедат мало пиле , жаба или влекач , но не и опосум. Опосумот има тело долго од 5 до 11 сантиметри со тежина од 7 до 43 грама.

Видот опосуми што на снимката се гледа како жртва на пајакот е од поголемите , кои достигнуваат до 11 сантиметри должина и од 15 до 43 грама тежина.

Во 2016 Австралиец од државата Квинсленд сними кај него дома слично шокантно видео- пајак кој преку фрижидерот во неговиот дом носи глушец.

Фејсбук ја претстави својата криптовалута со која имаат големи планови

Компанијата Фејсбук денеска го објави планот за лансирање на криптовалутата либра , така што од секторот социјални мрежи се шири кон онлајн трговија и глобално плаќање.

Фејсбук се здружи со 28 партнери во проектот Libra Association што ќе управува со новата дигитална валута. Според информацвиите , планираат да ја лансираат на почетокот на 2020 година.

Партнери во проектот се моќни компаниуи како Mastercard, Visа, Spotify Technology, Paypal, eBay, Uber Technologies, Vodafone Group, како и инвестициски компании од типот на Andreessen Horowitz .

Се надеваат дека со стартот на либра ќе се соберат околу 100 компании . Секоја членка добива по еден глас во носење на клучните одлуки за мрежата за тргување со либра , а компаниите мора да вложат најмалку 10 милиони долари , за да бидат дел од групацијата.

По првата година , Фејсбук нема намера да го задржи водечкото место меѓу членките.

Компанијата основа и филијала наречена Калибра , која ќе нуди дигитални паричници за потребите на штедење , праќање пари и потошувачка на либра.

Kалибра ќе биде поврзана со платформите на фејсбук за праќање пораки како Messenger и WhatsApp, кои веќе имаат над милијарда корисници.

притисни ентер