Иран се закани : Лесно можеме да ги уништиме американските бродови во Персискиот залив

Иран објави дека лесно може да ги уништи американските бродови во Персискиот залив, со што уште повеќе се подгрева воената напнатост меѓу двете земји.

Напнатоста меѓу двете земји се зголеми откако Иран минатата недела објави дека ќе почне да се повлекува од најбитните точки на договорот за денуклеаризација , постигнат во 2015. САД минатата година се повлекоа од овој договор , постигнат и со Франција и Германија.

,,Дури и нашите ракети од мал дострел може лесно да ги достигнат бродовите во Персискиот залив” , изјави денеска офицерот на елитната Револуционерна гарда , Мохамад Салех Џокар.

САД веќе една недела праќа вооружување во регионот со носачи на виони и бомбардери, како и ракетниот систем ,,Патриот” .

Еден од иранските лидери, Хешматолах Фалахапишех повика да се формира кризна група меѓу Иран и САД за да се спречи војна. И иранскиот водач Али Хамнеи изјави во вторникот дека ќе нема војна.

Истата порака денеска ја упати и американскиот претседател Доналд Трамп , па сепак базите на сојузниците на Блискиот исток се во состојба на готовност.

Меркел доби топлотен шок – се тресеше среде церемонија (ВИДЕО)

Германската канцеларка Ангела Меркел неконтролирано се тресеше среде церемонијата во Берлин во чест на новиот украински претседател Володимир Зеленскиј.

По церемонијата , таа изјави дека била дехидрирана , поради силното сонце и високите температури. Меркел , чие тело видливо се тресеше , се обиде да се контролира , ги стисна усните , но безуспешно. Мораше да стои со Зеленски додека се интонираа химните на Германија и на Украина.

По завршетокто на интонирањето , веќе и беше подобро и набрзина го помина црвениот тепих, ја поздрави гардата и оркестарот и влезе во зградата .

На прес конференцијата по средбата со Зеленскиј , 65- годишната канцеларка изјави дека е добро и нема причина за загриженост.

,, Од тој момент се напив најмалку три чаши вода , што очигледно ми била потребна , и сега сум многу подобро.” изјави Меркел и се насмеа кога Зеленски дополни дека канцеларката била во сигурни раце покрај него.

Бизнисмен заврши во затвор за споделување на видеото од масакрот во џамиите на Нов Зеланд

Бизнисмен од Крајстчрч е осуден на 21 месец затвор , зашто го споделувал во живо видеото од масакрот во џамиите на 15 март , кога беа убиени 51 лица. 

Филип Невил Арпс  во Окружниот суд на Крајстчрч на Нов Зеланд се изјасни за виновен по две точки од обвинението за споделување на видеозапис на 15. март преку Фејсбук.

Тој е еден од шестмината обвинети за дистрибуција на видеото од масакрот. Судијата рече дека Арпс не покажал никакво жалење кон жртвите и дека неговите сфаќања за музлиманите може да се споредат со оние на Хитлер.

Арпс го споделувал видеото со своите 30 вработени.

,, Вашиот чин го глорифицира и охрабрува масовното убиство извршено под изговор за расна и верска омраза.” , рече судијата Стивен О’Дрискол.

Адвокатот на Арпс рече дека тој не треба да оди во затвор и поднесе жалба во Врховниот суд. 

Судењето на напаѓачот на двете џамии , Брентон Тарант , треба да почне во мај 2020.

Вонредна состојба во Јапонија по силниот земјотрес и најава за цунами (ВИДЕО)

Попладнево во северниот дел од Јапонија е објавена вонредна состојба со предупредување за цунами , по земјотресот од 6,8 степени по Рихтер.

Се очекува цунами од 10 метри да удри во градот Сендае , во префектурата Мијаги. Епицентарот на земјотресот е во морето на длабочина од 10 километри. Јапонската агенција Кјодо објави дека по земјотресот околу 9 000 домаќинства останале без електрична енергија .

Исклучена е нуклеарната електрана Кашивазаки – Карива , и тоа сите седум реактори , кои се на удар на можното цунами.

 

Премиерот Шинзо Абе одржува состанок за вонредни состојби , од каде ги предупредија жителите на можните афтершокови.

притисни ентер