Мицкоски во Кисела Вода: Владата нема успеси буквално во ниту едно поле

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода,  каде оствари средба со граѓани, членови и симпатизери на партијата, се наведува во партиското соопштение.

Мицкоски на средбата истакна дека власта на СДСМ нема успеси во ниту едно поле и владее со измами и злоупотреби. Тој им заблагодари на граѓаните на Општина Кисела Вода кои во огромно мнозинство излегоа ја поддржаа ВМРО-ДПМНЕ и ја казнија власта за целата неспособност и криминал кој го спроведува.

,,Владата нема успеси буквално во ниту едно поле. Го слушам премиерот и вицепремиерот се фалат со гасификацијата која во реалноста целосно ја заглавија. Готов проект кој требаше да продолжат да го реализираат, а го успорија, го заглавија, гасификацијата на домаќинствата уште долго ќе се чека, потенцираше Мицкоски.

Тој нагласи дека власта лаже за гасификацијата исто како што излажаа во 2002 кога ветија по еден вработен од секое семејство. Кога ВМРО-ДПМНЕ ја напушти владата им остави готов проект за изградба на секундарната и терцијарната гасификација и имаше тендер за изградба, кој СДСМ го поништи со образложение дека нечинел, за дури по две години велат ќе се формира комисија за распишување на тендер за изградба на секундарна и терцијарна гасификација или со други зборови не вратија во почетна фаза.

Истото тоа што беше во завршна фаза пред две години сега е во почетна фаза. Не само што сме изгубиле две години, туку прашање е дали сега во овие околности ние навистина ние ќе најдеме некакво инвеститор кој што е подготвен да инвестира во еден вака сложен проект кој што ќе го менаџира ваква неспособна посочи Мицкоски.

Тој потенцираше дека и да се случи чудо да и да почне оваа власт да работи како што досега не работеле, дури ни за 4 години нема да може да постои домаќинство кое ќе има можност да го користи гасот како енергенс.

,,Од овој момент под услов денеска се смени се во капацитет на владата и да одлучат само на тоа да се посветат во следните 4 години нема да пости домаќинство кое што ќе има можност да го користи гасот, односно гасот да го користи како енергенс. . Загубено време и непоправлива штета поради нивната неспособност, заврши Мицкоски.

Проекција на „Големата вода и „Црвените булки над ѕидовите“ во Кинотека

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Во рамки на концептот на Кинотеката насловен „Разлики кои не обединуваат“, на 25 април ќе биде прикажан долгометражниот игран филм на Иво Трајков „Големата вода“ снимен во 2004 година, а следниот ден, 26 април, „Црвените булки над ѕидовите“ од 1976 година во режија на Димитер Анагности.

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Како што соопштија од Кинотеката, овие филмови се, пред сè, избрани поради своите „сличности и паралели“ во тематиките, како и во нивната филмска обработка и пристап.

-Но, исто така, битно е да се истакне и дека „Црвените булки на ѕидовите“ неодамна е дигитализиран во 4К резолуција, а „Големата вода“ оваа година го прославува дваесетгодишниот јубилеј од својата премиера. И, се разбира, дека филмот „400 удари“ на Трифо, според францускиот филмски магазин „Cahiers du cinema“ (Каје де Синема) е повеќе од ремек-дело и станува збор за еден од најaмблематичните филмови во поствоениот период на француската филмска продукција, потенцираат од Кинотека. /МИА

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

притисни ентер