Салвини порача: Најголеми непријатели на ЕУ се нејзините сегашни лидери

Сегашната политичка елита е најголем непријател на Европската Унија , а не популистите , кои погрешно се етикетираат како антиевропејци.

Ова го изјави лидерот на десничарската партија Лига на Италија , Матео Салвини пред почетокот на самитот на европските националисти од 11 држави , без Унгарија.

Националистите за кои секоја година  гласаат се повеќе граѓани од земјите на ЕУ, утре ќе се соберат на самит во Милано . Самитот се одржува во екот на изборната кампања за Европскиот Парламент , што ќе се одржат по една недела.

Покрај вицепремиерот на Италија , Салвини , на присутните ќе им се обрати и лидерката на француските националисти ,Марин ле Пен.

Заев: Нема предвремени избори, одиме на реконструкција на Владата

Реконструкција на Владата, а не одлука за предвремени парламентарни избори, продолжување на политиката на евроатлантската интеграција е заклучокот од седницата на Централниот одбор на СДСМ што вечерва се одржува во Охрид..

Избран е и нов извршен одбор на партијата, а потпретседатели ќе се бираат во следниот период.. Премиерот Заев по седницата најави дека до крајот на неделава ќе се знаат промените во Владата, но и на повеќе директори на јавни институции..

Јулијана Николовска е во Охрид..

Во судир на два авиони загинаа двајцата пилоти

Во судир на два мали авиони во воздухот при приоѓањето на регионалниот аеродром на Нов Зеленд загинале двајцата пилоти, соопшти полицијата.

Четворица падобранци кои биле во еден од двата авиона скокнале непосредно пред судирот со другиот авион кој се користел за обука.,

Хеликоптер пак кој се подготвувал за слетување за среќа успеал да го избегне судирот.

Полицијата соопшти дека двата авиона по судирот се урнале во реонот јужно од аеродомот Худ во близина на градот Мастертон.

Мицкоски: СДСМ паѓа, ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот победува

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прославата на 29-тиот роденден на партијата вечерва порача дека ВМРО е чест, идеологија и вредност

Тој истакна дека две работи се сигурни, дека СДСМ паѓа, а ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот победува.. Заев е на колена и во сопствената кал, а ВМРО-ДПМНЕ по изборите кога и да се случат ќе формира влада со која Македонија ќе оди вистински напред., рече Мицкоски во обраќањето во салата на филхармонија.

притисни ентер