Манекенка по потекло од Косово, покажа среден прст на црвениот тепих во Кан (ФОТО)

Швајцарската манекенка со албанско потекло  Хајди Луштаку на црвениот тепих во Кан на фотографите им покажа среден прст среде сесијата кога го покажа своето огромно деколте.

Ваквото однесување на манекенката за таблоидите е скандал и го нарекоа ,,афера nipplegate “. Хајди за прв пат се појави во Кан во длабоко деколтиран фустан , какви што носеа и другите учеснички.

Иако се гледа дека деколтето има леплива лента за да остане фустанот на место , очигледно лепакот попуштил , па се појави и она што манекенката не сакаше јавно да се види.

За целата ситуација да биде поинтересна , манекенката се насмеа и на фотографите им го покажа средниот прст. Луштаку е родена на Косово , а со родителите и осумтемина браќа и сестри емигрирале во Швајцарија кога имала седум години.

27- годишната Хајди се напреварувала и за Мис на Швајцарија во 2013 и е голема ѕвезда во земјата. Верена е за германски боксер , исто така по потекло од Косово, Робин Красничи со вистинско име Хаџи Красничи.

Поднесе оставка министерот за надворешни на Латвија- се возел во скапи приватни авиони

Министерот за надворешни работи на Латвија Крисјанис Каринс објави дека се повлекува поради обвинувањата за трошење народни пари во врска со скандалот со чартер летови.

Каринс денеска по средбата со премиерката Евика Силина објави дека на 10 април ќе поднесе оставка од функцијата. Парламентот веќе следниот ден може да одлучи за неговиот наследник.

Каринс беше критикуван за чартер летовите за време на мандатот на премиерот. Тој ја водеше латвиската влада од 2019 до 2023 година, а во тој период леташе околу триесет пати со приватни авиони наместо со поевтини, редовни линии.

Латвиското државно обвинителство минатата недела започна истрага за можното трошење јавни средства.

Каринс ги негира обвинувањата, тврдејќи дека летовите биле неопходни за да се заштеди време или за да може да се врати во земјата што е можно поскоро за работа поврзана со владата.

Силина рече дека Каринс ја презел политичката одговорност и дека се уште не знае кого ќе назначи за негов наследник.

Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic

Амазон објави дека ќе инвестира дополнителни 2,75 милијарди долари во Антропик, со што вкупната инвестиција на компанијата во стартапот за вештачка интелигенција ќе достигне 4 милијарди долари.

Технолошкиот гигант ќе го задржи малцинскиот удел во Антропик со седиште во Сан Франциско, ривал на OpenAI, кој го произведе ChatGPT.

- Веруваме дека нашата стратешка соработка со Антропик дополнително ќе ги подобри искуствата на нашите корисници и со нетрпение ги очекуваме следните чекори - рече Свами Сивасубраманијан, потпретседател за податоци и вештачка интелигенција во веб сервисите на Amazon (AWS).

Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл инвестираше 1,25 милијарди долари во Антропик во септември 2023 година и тогаш посочи дека има планови да инвестира до 4 милијарди долари, пренесува британски Гардијан.

Двете компании соработуваат на развојот на таканаречените основни модели, кои се во основата на генеративните системи за вештачка интелигенција кои го привлекоа глобалното внимание.

Според договорот, Anthropic ќе користи AWS како свој примарен провајдер на „облак“ и ќе ги користи сопствените чипови на Amazon за изградба, обука и распоредување на модели со вештачка интелигенција.

Исто така, ќе им овозможи на клиентите на AWS, кои се претежно бизниси, пристап до моделите на услугата на Amazon наречена Bedrock. Во своето соопштение, Амазон вели дека компаниите како што се Delta Air Lines и Siemens веќе го користат Bedrock за пристап до моделите со вештачка интелигенција на Anthropic.

Ванковска за посетата на Левица на гробот на Енвер Хоџа

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска вечерва во „Само Интервју“ на Канал 5 на прашањето за посетата на раководството на Левица на гробот на Енвер Хоџа, рече дека го очекувала ова прашање.

Ванковска децидно рече дека не е е член на Левица, а повика и зошто лидерот на Левица, Апасиев да не го каже тоа лично во емисија.

Водителот и главен уредник на Канал 5, Гоце Михајловски ѝ одговори дека Апасиев 11 пати бил гостин во Само интервју и Само Вистина, се додека не напиша најлоши зборови за Канал 5, што не доликуваат на професор. Додаде и дека од Хоџа не се гордеат ниту Албанците по извршените илјадници егзекуции на свои граѓани , но и на Македонци.

притисни ентер