Министерот Димитров на средби со естонскиот премиер Ратас и министерот за надворешни работи Реинсалу

Во рамки на денешните активности од работната посета на Талин, министерот Димитров беше примен од премиерот на Естонија, Јури Ратас, оствари средба со естонскиот колега, Урмас Реинсалу и се обрати пред Комитетот за надворешни работи во Парламентот.

Со премиерот Ратас беа опфатени прашања поврзани со европската интеграција на Северна Македонија, процесот на заокружување на постапката за полноправно членство во НАТО и потенцијалот за збогатување на билатералната соработка.  Во таа прилика МНР Димитров истакна: „Благодарни сме за силната поддршка од Естонија за нашата европска перспектива. Естонија и Балтикот се пример за тоа како еден регион може да се обедини позади заедничките интереси и да создаде позитивна соседска динамика. Како земја и како регион можеме многу повеќе да постигнеме доколку следиме вакви примери и се фокусираме на утрешнината."

Во фокус на средбата со МНР Реинсалу повторно беше европската перспектива  на земјата и важноста од валоризација на постигнатото и искористување на позитивниот моментум. Воедно беа разгледани прашања поврзани со идното сојузништво во НАТО и искористување на потенцијалот за збогатување на меѓусебната соработка во одредени сфери, пред се во делот на образованието и дигиталната технологија.  МНР Димитров потенцираше: „Не охрабрува посветената и недвосмислена поддршка на Естонија за нашата европска иднина. Направивме целосен пресврт и продолжуваме со посветена работа дома во делот на реформите и надвор со нашите соседи и меѓународни партнери. Создадовме ретко успешна приказна која треба да биде препознаена и зацврстена преку отворање на пристапните преговори со ЕУ. Тоа ќе биде силен мотив за нас и јасен сигнал за целиот регион."

Пред претседавачот Ен Есма и членовите на Комитетот за надворешни работи, МНР Димитров се осврна на напредокот на Северна Македонија во делот на клучните реформски области и добрососедската политика, како силни аргументи за добивање зелено светло и отпочнување на следната фаза од процесот на интеграција во ЕУ до крајот на годинава. Беше разговарано и за текот на парламентарната процедура за ратификација на пристапниот протокол за нашето членство во НАТО, при што естонските пратеници уверија дека очекуваат процедурата да биде заокружена во наредните недели.  Воедно беа разменети мислења и за можностите за унапредување на парламентарната соработка меѓу двете земји и регионалната динамика.

Работниот престој на МНР Димитров во Талин продолжува вечерва со присуство на официјалното отворање на Конференцијата Ленарт Мери насловена "Едно минато, многу иднини" и свечената вечера што по тој повод ја приредува г-ѓа Керсти Калјулаид, претседател на Естонија. Во текот на утрешниот ден МНР Димитров ќе учествува на панелот „Дали малите ќе истраат?: Балканот во струите на стратешките интереси", а предвидени се и повеќе билатерални средби на маргините на Конференцијата.

Силен земјотрес ја погоди Индонезија , постои опасност од свлечишта

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди регионот Танимбар во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕСМЦ).

Земјотресот се случи на длабочина од 49 километри, објави Ројтерс.Епицентарот на земјотресот е на 141 километар западно од градот Абепур.

Центарот за земјотреси и цунами во Индонезија соопшти дека земјотресот не може да предизвика цунами затоа што се случил на копно, но ги предупреди граѓаните да ги избегнуваат ридовите заради евентуални лизгање на земјиштето.

Засега нема извештаи за штети или повредени.

Во Индонезија, каде што живеат 260 милиони луѓе, земјотреси, вулкански ерупции и цунами се вообичаени затоа што се наоѓа на „огнениот прстен“ во Пацификот.

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе изградиме ветерен парк во Миравци

По 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата Влада ќе следи обнова која ќе значи почист воздух и повеќе здравје за граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Еден од клучните приоритети на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде животната средина и чистиот воздух.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзуваме на обнова која ќе донесе до 50-тина проценти почист воздух во првиот мандат. Тоа подразбира намалување на загадувањето за 50 проценти. Оваа ќе значи реализација на целосна гасификација на државата, создавање на услови гасот да биде достапен до секое домаќинство и да стане широко распространет енергенс кој ќе се користи. Воедно тоа подразбира и негово користење од државните институции како и од компаниите кои се загадувачи.

Истовремено новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира во зелени еко проекти и нови вложувања во екологијата. Сето ова сериозно ќе го намали загадувањето или најмалку до 50-тина проценти на крајот од мандатот од тоа што е состојбата сега. Почист воздух за повеќе здравје.

ВМРО-ДПМНЕ обврзува на обнова која подразбира инвестиции во обновливи извори на енергија. Ветерен парк Миравци за складирање на енергијата. за прв пат изградба на таков проект во нашата држава. Ветерен парк Миравци кој што ќе располага со ветерен потенцијал со вкупна инсталирана моќност и производство на електрична енергија од 300 GWh. Системот за складирање на оваа електрична енергија ќе овозможи енергијата која што се произведува во периодите кога има вишоци да биде складирана и истата во периоди на недостаток да биде испорачана до потрошувачите. Со што ќе бидат опфатени околу 6.000 домаќинства.

По 12-ти април ќе дојде обновата на Република Македонија. Обновата ќе значи повеќе за секој граѓанин на Република Македонија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Италија од коронавирус е заразено и 4- годишно девојче, вирусот се рашири и во Бразил и во Алжир

Во Кина, вчера имало 406 нови потврдени случаи на инфекција со коронавирус, помалку од претходниот ден, кога бројот се зголемил за 508, додека во Јужна Кореја бројот значително се зголемил.

Во Италија има 11 починати и 325 потврдени случаи на инфекцијата.

Сега вкупниот број заразени лица се зголеми на 78.064, а на  смртните случаи на 2.715.

 Откако Хрватска, Австрија и Швајцарија вчера ги објавија првите случаи на коронавирус, заразата се појави и  во Алжир и Бразил , најверојатно пренесени од Италија.

Првиот случај на коронавирус во Алжир е откриен кај Италијанец , кој пристигнал во земјата на 17 февруари и сега е во изолација. Според алжирскиот министер за здравство, на здравствените власти им било наредено да ги преземат сите мерки на претпазливост, пренесе Ројтерс.

Три нови случаи на инфекција со коронавирус, исто така, се потврдени во Тајланд, со што вкупниот број заразени во земјата изнесува 40.

Тројцата новозаразени се државјани на Тајланд и сите се членови на исто семејство. Двајца од нив, 65-годишен маж и неговата сопруга се вратиле од јапонскиот остров Хокаидо. Третиот пациент е нивниот внук кој не бил во Јапонија.

Тајван го потврди 32-от случај на коронавирус, објави Министерството за здравство. Пациентот е на 30 години и е странски државјанин.

 Како што известува Кориере дела Сера утрово во Италија, од коронавирус е заразено првото дете. Станува збор за 4 годишно девојче од Кастиглионе Ада, место што се наоѓа во црвената зона. Вирусот се чини дека девојчето го добило во болницата во Кодоњо каде што  првиот познат заразен во Италија бил хоспитализиран. Девојчето има благи симптоми на грип.

Во Италија не е идентификуван нултиот пациент, но се знае кој е прв. Станува збор за 38-годишен маж , познат само по името Матија.

Тој бил хоспитализиран во единицата за интензивна нега во Кодоњо, поради проблеми со респираторниот систем, но сега е во болницата „Сан Матео“, на 35 километри јужно од Милано, изјави портпаролот на италијанската цивилна заштита за Си-Ен-Ен. Тој додаде дека бремената сопруга на мажот исто така била позитивна и е хоспитализирана, но нејзината состојба не била загрижувачка.

Училиштата и градинките во германската област Хајнсберг остануваат затворени. Маж од областа е во критична состојба поради инфекција со коронавирус и е на интензивна нега.

"Сопругата на пациентот исто така има симптоми на вирусно заболување. Таа во моментов е стабилна. Чекаме резултати од тестирање за да дознаеме дали е заразена со коронавирус", соопшти Министерството за здравство на Северна Рајна-Вестфалија.

притисни ентер