Венецуела го обновува воениот арсенал – купува руски авиони

Каракас почна да купува руски воени авиони откако САД воведоа ембарго на снабдувањето оружје и компоненти за американските авиони Ф-16, изјави амбасадорот на Венецуела во Обединетите нации во Женева, Хорхе Валеро.

Тој истакнал дека поради американското ембарго скоро целото оружје во Венецуела е од руско производство.

„Нашата војска ги користеше авионите Ф-16. Тие авиони се направени во САД за нашите вооружени сили. Меѓутоа, тие ја блокираа продажбата на деловите. Поради тоа сите нивни авиони престанаа да работат. Почнавме да купуваме руски авиони, кои одлично се покажаа. Станува збор за авионот Сухој“ – додава амбасадорот.

Во периодот од 2006 до 2008 година Русија на Венецуела и испорача серија од 24 ловци од  типот Су-30МК.

Подоцна претседателот на ова земја Николас Мадуро изјави дека има намера да купи уште 12 такви авиони.

Трамп: Сакаме да избегнеме војна со Иран, но...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес се обрати по повод наводниот напад на нафтените полиња од страна на Иран и нагласи дека се надева дека ќе се избегне војна со Техеран.

-Веќе сега знаеме доволно за тоа кој е виновен но сепак сакаме уште докази. Тоа што со сигурност можеме да го тврдиме е дека сакаме да избегнеме војна со Техеран, но сме подготвени на се, вели Трамп.

Уште еднаш нагласи дека ќе направи се што е во негова моќ за да им помогне на пријателите во Саудиска Арабија.

По нападот Саудиска Арабија го преполови производството на нафта па затоа и цената драстично е зголемена.

Еспер: Иран ги крши законите на меѓународниот поредок

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави денес дека недамнешните напади на саудиските нафтени полиња за кои САД го обвинува Иран се „без преседан“.

Покрај тоа, тој истакна дека САД со сојузниците работи на одбрана на меѓународниот поредок заснован на закони кои Техеран ги „поткопува“.

Еспер на Твитер напиша дека во Белата куќа е одржан состанок на кој претставници на Министерството за одбрана и други функционери го известиле претседателот Трамп за ситуацијата.

Како што пренесува „Ројтерс“, Еспер додал дека викендов разговарал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и ирачкиот министер за одбрана Келедом ал Обаидиј.

Адвокатката на Јанева најавува барање за укинување на притворот

Адвокатката на разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева, најавува дека ќе поднесат  барање за укинување на мерката притвор, а за гаранција ќе биде понуден нејзиниот имот.

-Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева како и денешната одлука да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија, вели за ТВ21 Ирена Фрчкоска, која додава дека и одлуката од саботата и денешната на Советот на јавни обвинители не ги добиле.

Најави дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката

На Јанева и е одреден 30-дневен притвор кој истекува деновиве./МИА

притисни ентер