Шест економски препораки од ЕК за да се реализираат за една година

Земјава бележи напредок во економски план, но се уште постојат предизвици на нејзиниот пат кон членство во ЕУ. 

Од делегацијата на унијата во земјава со шест препораки до Владата, кои очекуваат да бидат исполнети во рок од една година, намалувањето на јавниот долг и дефицитот, велат дека се од примарно значење.

-Првиот предизвик е стабилизирањето на јавниот долг. Тој во земјава е 43%, но ако на него се додаде и долгот на јавните компании кој е 10% и за кој одговорна е државата, тогаш тој се искачува на 53%. Во ЕУ јавниот долг на државите и не смее да биде повисок од 60%, доколку тој процент е повисок од таа бројка, треба да има план за тој да се намали истакна Фреек Јанмаат - Раководител на сектор за економски прашања во делегацијата на ЕУ .

Јанмаат вели дека се свесни за предизвиците, но стои на ставот дека препораките се остварливи, а ЕУ како што вели ќе биде тука за да помогне. Дополнителна предност гледа и во тоа што за разлика од минатото, Владата има јасен акциски план, кој очекува да го исполни.

-Овие мерки би требало да се реализираат во текот на една година. Во идентификацијата на  мерките, видовме кои се конкретните чекори кои треба да се преземат следната година, можеби некои од нив нема да се спроведат, можеби некои делумно ќе се спроведат, но начелно би требало да биде можно тие да се спроведат целосно, вели Фреек Јанмаат - Раководител на сектор за економски прашања во делегацијата на ЕУ .

Од канцеларијата на ЕУ, како дополнителни предизвици ги наведоа сивата економија и невработеноста на младите. Како голем проблем ја нагласија и транспарентноста во трошењето на јавните пари, но и проверката на приватните компании. Во земјава според нив има и преголем број на инспекторати чии надлежности се преклопуваат, што може лошо да влијае на бизнис климата.

Пет дедовци и една баба уапсени заради секс во парк

Шест пензионери се уапсени во парк во Конетикат, САД, каде полицијата ги фатила во групен секс.

Се ова се случило минатата недела во Фирфилд откако полицијата добила дојава дека на ова место често се случуваат вакви ескплицитни евенти.

Уапсени се Даниел Добинс (67), Ото Д. Вилиамс (62), Чарлс Л. Ардито (75), Џон Линартз (62), Ричард Батлер (82) и неговата сопруга Џус Батлер (85).

Сите се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир, еден од пензионерите е пронајден како во својот автомобил седи насмеан без никаква облека на себе.

Полицијата ги зголемила мерките за безбедност на тоа подрачје откако имало повеќе пријави за сексуални активности на сомнителни парови.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е очаен, заглавен во криминал и корупција

Заев е очаен. Заглавен во криминал и корупција бара помош и поддршка за да го оттргне вниманието од себе.

Искусните го избегнуваат бидејќи знаат дека му се ближи крајот и затоа мора да ги враќа кадрите со кои ја креираше коалицијата со криминалот и мафијата. Затоа мора да бара по некој млад и неискусен кој ќе му поверува дека целиот проблем бил во “еден криминалец, суетен новинар и п.дер”.

Театарот наречен метла денеска го донесе целиот прав на Бихаќка. Зоран Заев ги остави Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски на функција.

И по мурто, дојде курто. СДСМ и понатаму останува истата криминална, корумпирана, неморална партија.

Спасовски, кој наместо да ги штити граѓаните, го штити криминалот и понатаму е на функција. Манчевски кој брка политички неистомисленици уште ќе има одлучувачка моќ. Зекири кого јавноста не го памети по ништо корисно останува на позиција.

Заев покажа дека СДСМ нема намера да ја реформира. Таа останува дувло на криминалот.

Заев покажа и дека е спремен се да направи, само за привидно да се дистанцира од случајот Рекет, па ги пушта низ вода сите, само да се амнестира, иако тој е главата на криминалниот октопод.

СДСМ денес докажа дека го трча последниот круг на власт.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Семејството Ердоган угости сијамски близначки

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и неговата жена Емине Ердога угостија сијамски близначки, сестрите Танрикулу.

-Им посакувам на сестрите Ајше и Сема се најубаво, тие две нас ни донесоа позитивна енергија и позитивни мисли во овие тешки времиња, рекла Емине Ердоган.

притисни ентер