Милиони во шок поради спотот за изборите за Европскиот парламент (видео)

Видео спотот кој ги повикува граѓаните да гласаат на изборите за Европски парламент, за само две недели на социјалните мрежи го видоа околу 120 милиони луѓе.

Причината лежи во тоа што содржината на видеото во најмала рака е чудна, бидејќи се работи за изборите на најбројното и најважното тело на ЕУ.

Останува прашањето дали авторите со видеото сакале да ги мотивираат традиционално незаинтересираните избирачи со тоа што ќе ги шокираат.

Видеото на Европскиот парламент има класичен наслов „Избери иднина“, но содржината е таа што привлече големо внимание – дури 40 милиони прегледи на Јутуб и скоро 80 милиони на Фејсбук.

Првиот дел прикажува 15-тина жени кои раѓаат мали Европјани во повеќе земји, со помалку сирови слики од болка и емотивните моменти на раѓањето.

Во вториот дел гласот на детето ја сублимира политичката порака, изјавува дека заедно Европјаните можат да градат мир и еднаквост, да ги заштитат човековите права и демократија.

„Поради тоа гласаме. Денеска сум роден. Избери Европа во која ќе пораснам“ – гласи пораката која ја пренесува детето од спотот.

 


 

Трамп: Сакаме да избегнеме војна со Иран, но...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес се обрати по повод наводниот напад на нафтените полиња од страна на Иран и нагласи дека се надева дека ќе се избегне војна со Техеран.

-Веќе сега знаеме доволно за тоа кој е виновен но сепак сакаме уште докази. Тоа што со сигурност можеме да го тврдиме е дека сакаме да избегнеме војна со Техеран, но сме подготвени на се, вели Трамп.

Уште еднаш нагласи дека ќе направи се што е во негова моќ за да им помогне на пријателите во Саудиска Арабија.

По нападот Саудиска Арабија го преполови производството на нафта па затоа и цената драстично е зголемена.

Еспер: Иран ги крши законите на меѓународниот поредок

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави денес дека недамнешните напади на саудиските нафтени полиња за кои САД го обвинува Иран се „без преседан“.

Покрај тоа, тој истакна дека САД со сојузниците работи на одбрана на меѓународниот поредок заснован на закони кои Техеран ги „поткопува“.

Еспер на Твитер напиша дека во Белата куќа е одржан состанок на кој претставници на Министерството за одбрана и други функционери го известиле претседателот Трамп за ситуацијата.

Како што пренесува „Ројтерс“, Еспер додал дека викендов разговарал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и ирачкиот министер за одбрана Келедом ал Обаидиј.

Адвокатката на Јанева најавува барање за укинување на притворот

Адвокатката на разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева, најавува дека ќе поднесат  барање за укинување на мерката притвор, а за гаранција ќе биде понуден нејзиниот имот.

-Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева како и денешната одлука да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија, вели за ТВ21 Ирена Фрчкоска, која додава дека и одлуката од саботата и денешната на Советот на јавни обвинители не ги добиле.

Најави дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката

На Јанева и е одреден 30-дневен притвор кој истекува деновиве./МИА

притисни ентер