Во Битола премиера на филмот „Манаки – приказна во слики" на авторот Јанкулоски

НУ Центар за култура-Битола вечер на матичната сцена, во големата кино сала, организира премиерна проекција на филмот „Манаки – приказна во слики” чиј автор е Роберт Јанкулоски.

Станува збор за истражувачка сторија која преку факти ја раскажува вистинската приказна за Јанаки и Милтон Манаки, филм кој открива интересни и досега непознати факти за фотографската работа на Браќата Манаки, првите балкански кинематографери.

Од НУ Центар за култура информираат дека во филмот ќе бидат презентирани оригинални документарни фотографии, почнувајќи од отворањето на првото професионално студио во 1898 година во Јанина, преселбата на Браќата Манаки во Битола и други важни моменти од животот на Јанаки и Милтон Манаки.

Сценариото за филмот го изработија Илиндека Петрушева и Роберт Јанкулоски, а Јанкулоски воедно е и продуцент, режисер и кенематографер во овој проект. Монтажата ја изврши Блаже Дулев, музиката е на Горан Керкез, а дизајн на звукот реализира Дарко Спасовски. 

Заев на трибина на Форум на жени на СДСМ: На следните избори, СДСМ ќе има 50-50 отсто жени и мажи на листите, целосна еднаквост!

СДСМ е предводник на концетот за застепеност 50-50 и тоа од овде најавувам дека го оставруваме, порача претседателот Зоран Заев на трибината на Форумот на жени на СДСМ под мотото „ 20 години чекориме по патот на еднаквоста".

Низ овие 20 години Форумот на жени покажа дека е нераскинлив дел од СДСМ. Многу мерки и политики денес немаше да бидат возможни ако не беше посветеноста на Форумот на жени. Нашата позиција како СДСМ е јасна: потребни се повеќе жени во политиката и тоа заедно со вас ќе го оствариме. Во нашиот Извршен одбор повеќе од половина членови се жени. Еднакви сме, можеме, тоа е пораката што ја испраќаме. Ние сме предводник во концептот 50-50 на застапеност на жени во политиката. Не како бројка туку суштински како квалитет. И тоа ќе го оствариме. На следните избори, СДСМ ќе има 50-50 отсто жени и мажи на листите, целосна еднаквост, порача Заев.    

Лончар: Вучиќ беше животно загрозен, лекарите му го спасија животот

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, изјави дека претседателот Александар Вучиќ бил животно загрозен но дека лекарите му го спасиле животот.

Лончар во изјавата за медиумите вели дека Вучиќ, има помали хронични проблеми со срцето, но дека во петокот дошло до сериозно влошување на неговата здравствена состојба, кога решил да им се обрати на докторите во Воено- медицинската академија (ВМА) во Белград,  каде лекарите веднаш ги спровеле сите мерки за санирање на сериозната состојба, а Вучиќ, според Лончар, добро реагирал на препишаната терапија.

Сепак, во следниот период според препораките на стручните тимови во ВМА Вучиќ ќе треба да ги намали работните активности за целосно да закрепне. Српскиот претседател вчера се огласи на Твитер заблагодарувајќи им се на лекарите, и притоа порача дека веќе од утре се враќа на работа со полна енергија.

Калеска Ванчева: Ние, социјалдемократките, ја имаме визијата, еднакво учество на жените во сите свери на политичкиот живот во државата

Ванчева се обрати по повод 20-годишнината на форумот претседателката на Форум на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

Ние сакаме општество во кое рамноправно, без дискриминација ќе ги керираме сите политики и ќе обезбедиме безбедно хумано општество на насмеани лица, рече во своето обраќање на свеченоста по повод 20-годишнината на форумот претседателката на Форум на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

Таа се осврна на почетоците и успесите на Форумот на жени на СДСМ, кој се изроди од женските клубови на партијата уште во 1999 година, а прерасна во моќен двигател на општествените промени, демократизација и почитување на основните човекови права, бидејќи без родова еднаквост тие не постојат.

За овие 20 години постигнавме многу, но патот не беше лесен, рече Калеска Ванчева на свеченоста на Форумот на жени на СДСМ, под мотото „20 години чекориме по патот на еднаквоста".

Денеска говориме за законска регулатива која овозможува најмалку 40% застапеност на жените во законодавната и локалната власт, но и за 40%,  па и 50% застапениост на жените во сите партиски структири, а започнавме со квота  од 30% од обата пола во партиските структури на партијата за парламентарните ибори 2002 година.

Со измените во Кривичникот законик од 2004 година, за првпат беше дефинирано семејното насилство, а во девет кривични дела против животот, телото и сигурноста на жртвите, предвидена е построга санкција доколку конкретното кривично дело е извршено во контекст на семејно насилство.

Во годините кога во земјата почнаа да се уназадуваат правата на жените, Клубот на жени на СДСМ, беше предводник на борбата за унапредување на положбата на жените, застанавме во одбрана на правото на жената да одлучува за своето потомство и за своето тело. Тоа го иправивме кога дојдовме на власт.

Но, секојдневно мораме да се браниме од различна прорагнада, во која првично се суди на изгледот на жената, а потос на суштината, рече Калеска

Бевме, сме  и ќе останеме лидерки, двигателки на сите демократски промени во општеството и ќе се движиме се побрзо кон целта, зошто не сме сами, чекориме по патот на еднаквоста, заедно, истакна свеченоста по повод 20-годишнината на форумот претседателката на Форум на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева,

Благодарници за заложбите за родовата еднаковст Форумот на жени им додели на Јованка Тренчевска, Елеонора Петроа, Цветанка Ивановаи Цветанка Ласкова.  

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер