Тајван стана прва држава во Азија која ги легализира истополовите бракови

Тајванскиот парламент денеска прв во Азија ги легализираше истополовите бракови.

Тајванскиот Уставен суд во 2017 година донесе одлука истополовите парови да добијат право законски да се венчаат, а таа одлука конечно е официјализирана со изгласување во парламентот.

Како што потсетува „БиБиСи“, Уставниот суд на парламентот му даде рок од две години да ја примени одлуката за истополовите бракови, а крајниот рок беше 24 мај.

Специјална директна линија со рускиот претседател Владимир Путин

Денеска е предвидено да се одржи традиционалната годишна специјална директна линија со рускиот претседател Владимир Путин, која ќе биде емитувана во живо на повеќе руски телевизиски канали.

Претседателот Путин ќе одговора на прашања во врска со јавниот, политичкиот и социоекономскиот живот во земјата, но и на меѓународни прашања.

Луѓето можат да ги поставуваат своите прашања со телефонски повик или порака и преку веб-страница на телевизиската програма, како и преку посебна мобилна апликација.

Пејачот Мирослав Шкоро официјално ќе ја објави својата кандидатура за претседател на Хрватска

Музичарот и пејач Мирослав Шкоро официјално ќе ја објави својата кандидатура за претседател на Хрватска на крајот на оваа недела, пишува „Вечерњи лист“.

Шкоро засега планира да биде независен кандидат, но не ја исклучува можноста за разговор со различни политички опции и доколку ги прифатат неговите ставови, постои можност за соработка.

„Вечерњи лист“ тврди дека Шкоро ќе ја финансира кампањата со свои пари.

Прва соработничка во изборниот тим ќе му биде неговата сестра Весна Вучемиловиќ.

Инаку, официјална кандидатура за уште еден мандат официјално се уште не е објавена од актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

Официјално, кандидат на социјалдемократите ќе биде поранешниот премиер и лидер на најпознатата опозициска партија СДП, Зоран Милановиќ.

Во петок и за време на викендот сончево и топло

Претпладнево ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе се задржи нестабилно време.

 Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град.  Максималните температури во земјава ќе се движат од 26 до 33 степени.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Од недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.

притисни ентер