Тамара Тодевска со песната „Proud" се пласира во финалето на Евросонг (ВИДЕО)

Нашата Тамара Тодевска со песната „Proud" („Горда") се пласира во финалето по цели седум години по одличниот настап во втората полуфинална вечер на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел.

Тамара Тодевска четврти пат учествува на Евровизија, но првпат како солист. Таа настапи под реден број 17, а придружни вокали се  Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев. Автори на песната се Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Спотот е во режија на Чедо Поповски.

притисни ентер